Државата ќе ја плати изградбата на куќата на семејството Трајковски
Собранието вчера ги усвои измените на Законот за правата на претседателот
и неговото семејство по престанување на функцијата. Со споменатите законски
измени државата е должна да ги покрие трошоците за изградба на куќата на
семејството на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски.
Според
постојното решение, пак, семејството на претседателот има право на сопственост
на градежно земјиште за изградба на семејна куќа, со регулиран надомест за
уредување градежно земјиште. За децата на претседателот новите законски корекции
предвидуваат, покрај правото на стипендија во земјата или во странство, државата
да ги покрива и другите трошоци за школување - таксите за пријавување,
сместување, исхрана, патните трошоци и здравственото осигурување.
(О.В.)