Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


Лазе Манасков - актер
По успешното претставување со Драмски театар во Италија, продолжив со работа врз еден ТВ-филм, наречен „Нави" во чија основа се легендите за наречниците. Сценариото на филмот е на Владимир Плавевски, а го снимаме во режија на Вилијам Шаурек.


Нешка Робева - кореограф од Бугарија
Пред претставувањето со денс- спектаклот „Арамии" во Скопје на 2 ноември, имам интензивни патувања и настапи низ Европа со мојата танчарска група „Нешка арт". Денеска сме во Софија и се подготвуваме за настапите во Будимпешта, Лондон и секако за средбата со македонската публика.


Ѓоко Таневски - пејач
По релаксирачкиот викенд во мојот Охрид, утринава се враќам во Скопје и на работните обврски. Всушност, во текот на денот се адаптирам ( како и секогаш) на скопскиот ритам, а вечер имам настап во кафулето „Алиби".
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани