„Огнот на Анадолија" дочекан и испратен со овации - Се помина онака како што очекувавме. Првпат игравме на олку мала сцена и во олку мал простор. Дојдовме зашто ја сакаме Македонија. Народот изгледа многу близок до нас, се чувствуваме како роднини, имаме слична култура, и тоа е една од причините поради кои публиката добро не разбра и и се допадна шоуто, ни изјави Мустафа Ердоган, директор и кореограф на „Огнот на Анадолија". Ердоган додаде дека целиот проект за него е остварување на дваесетгодишната фантазија која е реалност веќе седум години. Веќе во мај или во јуни неговите танчари ќе го промовираат и новото шоу кое ќе биде насловено „Троја"