Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  На прво место

   

 

Трајанов најави расчистување со грабежите и криминалот

Кавадарци - Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, најави расчистување на грабежот и на криманалот извршен во последниве петнаесет години. На средбата на Централниот совет на Демократскиот сојуз во Кавдарци, Трајанов изјави дека проектот за декриминализација што го изготви ДС, стана составен дел во програмата на новата Влада, Трајанов даде оптимистички најави дека во ноември ќе излезе првата верзија на законот за декриминализација, а до крајот на годината треба да завршат сите процедури околу носењето на законот.

„Врз основа на овој закон ќе се открива скриениот имот на сите носители на јавни функции од 1991 до сега. Ќе се замрзнува имотот на сите носители на јавни функции, доколку тој е резултат на криминални активности.Ќе се одзема имот, а ќе се донесат и забрани за политичко дејствување", најави Трајанов. Ваквите мерки,според него, ќе ја ослободеле земјата од сите што биле вклучени во грабежот на Македонија во изминатите 15 години. (А.Д.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани