Маршал: Морав да и ставам крај на сапуницата во „Транспарентност" Директорот на ТИ
порачува
антикорупционерите да се ослободат од
политички влијанија
Миклош Маршал и Сашо Ордановски
Секоја идна невладина организација во Македонија која ќе сака да биде
антикорупциска ќе мора да се држи настрана од политичките влијанија, констатира
регионалниот директор на „Транспарентност интернешенел" (ТИ), Миклош Маршал, по
последните случувања во македонската организација и одземањето на нејзината
лиценца.
Маршал потврдува оти бил принуден да ч ги одземе логото и
лиценцата на македонската филијала, откако новоизбраниот претседател Сашо
Орданоски не се придржувал до договореното при неговата посета на Македонија на
5 октомври годинава. „Не можам и не сакам да заземам страна во внатрешниот судир
во „Транспарентност-Македонија" (ТМ). Чувствував дека постигнавме добар договор
за спас на организацијата. Договорот беше откажан од Орданоски. Тој искористи
текст во еден од дневните весници во Македонија како изговор за неговите потези.
Со цел да го спасам договорот, испратив изјава во која се осудуваат валкани и
прикриени кампањи во медиумите и им го испратив на Орданоски и на Тасева
заеднички да го потпишат. Орданоски ја одби понудата", објаснува Маршал.
Во петокот Управниот одбор на ТМ со писмо ја информираше централата во
Берлин за својата разочараност поради одлуката за одземање на лиценцата. Во
писмото, потпишано од осумтемина членови на УО на „Транспарентност-Македонија"
се наведува дека, и покрај одлуката на централата, тие се одлучни да одржат
Генерално собрание, на кое ќе ја реформираат организацијата.
Со оглед на
ставовите на Миклош Маршал, прашање е колку раководството на „Транспарентност
интернешенел" ќе ги земе предвид ваквите заложби?
Според него,
единствената преостаната опција за централата во Берлин била да се стави крај на
приказната за„ Транспарентност- Македонија". „За жал, единствениот начин да ч се
стави крај на оваа непријатна сапунска опера беше да се повлечат лиценцата за
употреба на нашето име и лого, за да го заштитиме нашиот кредибилитет. Нема
потреба да кажувам дека сум многу разочаран што страните во конфликтот не беа во
можност да се држат до планот за реетаблирање на ’Транспарентност- Македонија‘",
вели Маршал во изјавата за „Утрински весник". (Б.Г.)