ТЕТОВО - Најголемиот исламски празник Бајрам 13 семејства од тетовското
село Јеловјане ќе го прослават во нови куќи што им ги изгради државата. Тоа ќе
биде двојна радост по катастрофата што ги снајде кога нивните живеалишта им ги
однесе природната стихија со лизгањето на земјиштето што во март годинава го
зафати Ќеловско Маало. Куќите на семејствата Ибраими, Амзаи, Зекири, Абдили,
Реџепи, Мисими завршија некаде во надолнината. Привремено веќе шест месеци
принудните бездомници се сместија по роднини и пријатели низ Јеловјане, некои во
просториите на Месната заедница, а семејството Мисими со осумте членови се
прибра кај своите 160 овци во бачилото над селото во месноста Катариште. Сите
тие за некој ден ќе се најдат во нови удобни семејни куќи од по 76 м2, изградени
според сите стандарди на влезот во Јеловјане.
(Г.Е.)