Финецот Маркус Гронхолм триумфира на Рели Турција, 13. трка од СП што се
возеше околу Анталија. До петтата победа во сезоната, вкупно 23 во кариерата,
тој стигна со 2,5 мин. подобро време од својот сонародник Мика Хирвонен, а трет
беше Норвежанецот Хенинг Солберг.
На три трки до крајот води Себастија
Леб со 112 бода, пред Гронхолм со 87 и Хирвонен со 47.