Во саботата вечерта во хотелот „Стоун бриџ" беше официјално отворен
деветтиот Лајонс-клуб во Македонија, кој ќе го носи името „Денариус", со што тие
формираат регија. На прославата присуствуваа интернационалниот директор на
Европа за Лајонс- клубовите, Ернес Муслиу, и неговата сопруга, координаторот за
Македонија, Јанез Бохович, амбасадорот на Словенија, Марин Шифтер, и други
значајни претставници. Меѓу многубрјните гости беа и членови на Лајонс-клубовите
во Македонија, а за нивната забава беше задолжена Биба Додева со нејзиниот бенд
и танчарска двојка.