На 21. издание на „Макфест 2006" победија Тамара и Врчак, кои ја изведоа композицијата „Седмо небо"
Тамара и Врчак на завчера одржаното макфестовско финале го освоија првото
место со „Седмо небо", песна потпишана од Раде Врчаковски. Второто место и
награда за интерпретација ч припадна на Александра Пилева која ја изведе песната
на Весна Малинова и Дарко Тасев - „Сребрени војници", додека на третото место,
според публиката во Домот на културата „Ацо Шопов" во Штип, се пласира
некогашниот член на групата „Магија", Зоран Стаменковски, со песната на Јован
Јованов и Елвир Мекиќ - „Се на свое место".
Понатаму, наградувањето ги
испочитува и следните категории: наградата за текст ја доби Огнен Неделковски за
стиховите на „Солза по солза", најдобро аражманско решение е на Давор
Јордановски во песната „Баш е", додека наградата за сценски настап ч припадна на
Маја Вукичевиќ.
Соња Левкова е прогласена за најуспешен дебитант, додека
најслушана песна меѓу два фестивала е „Цветај расцветај" што ја изведе Ѓоко
Таневски.
Инаку, во шоу-програмата ги видовме гостите од Сплит - Лука
Нижетиќ Џулијано, Горан Каран и Зорица Конџа која, изведувајќи ја песната
победничка „А бог да знае" од 1989 година, само нж потсети на некогашниот
квалитет на „Макфест".
Симбиоза на нови и не толку стари музички сили,
разнообразноста на музички стилови, „препознавање" и недостаток од „она нешто"
можеби ќе ги инспирира првите луѓе на "Макфест" да му ја вратат некогашната
блескавост.
Понуденото беше само рефлексија од минатото.
(В.Т.)