Комисијата за хартии од вредност ја одобри втората емисија обични акции на
ТТК банка АД Скопје. Купувачот на 226.972 обични акции, како што е наведено во
соопштението, е Европската банка за обнова и развој со седиште во Лондон. Со
оваа емисија основачкиот капитал на ТТК банка ќе се зголеми за 226,97
милиони денари.
КХВ ч дозволи на Стопанска банка АД Битола по
пат на приватна понуда да ја реализира 13. емисија на акции со 23.300 обични
акции во износ од 69.900.000 денари. Цената е 3.000 денари за акција. На
петочната седница, Комисијата за хартии од вредност продолжи со разгледување
на предлог-правилниците што произлегуваат од новиот Закон за хартии од
вредност. Досегашната работа резултира со 18 финализирани правилници.