ВИНИЦА - Од денес со работа ќе стартува новиот погон за изработка на чевли
кој го отвора овдешната фабрика за земјоделска механизација „Агробар". Идејата е
да се искористи слободниот простор во старата административна зграда и да се
обезбеди поголема вработеност во градот. За почеток, во овој нов винички
стопански капацитет ќе бидат вработени триесет работници. Работа за овој погон
ќе обезбедува штипска „Баргала", која ги има обезбедено своите производствени
капацитети и за наредната деловна година. (И.Б.)