Чегранецот Н.С. (29) е ранет откако неговиот соселанец Е.И. (35), се
обидел со оружје да си ги врати парите што му ги зајмил. Приказната започнала
пред неколку месеци кога Е.И. му зајмил на Н.С. две илјади евра. Во саботата
попладне му се јавил на Н.С. да му ги врати, но наместо пари, добил погрдни
зборови. Тоа силно го разлутило Е.И., кој ги зел ловната пушка и пиштолот, за
кои немал дозвола, и тргнал да го бара Н.С. низ селото. Најпрво го забележал
„голфот" на Н.С., па испукал неколку пати во автомобилот, а потоа продолжил да
го бара својот должник. Конечно, го начекал пред чајџилница и веднаш почнал
неконтролирано да пука, ранувајќи го Н.С. во нозете. Ранетиот е префрлен во
гостиварската болница, додека Е.И. е приведен и против него се поднесени неколку
кривични пријави. (Г.А.)