Хернади најбрз кај МРТВ Костовски во финалето на Шампионатот на Македонија на кружни патеки му ја „украде" титулата на Димушевски
Унгарецот Ласло Хернади пред Блаже Јанакиевски во најсилната класа
РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ
Унгарскиот автомобилист Ласло Хернади е
апсолутен победник на последната трка од шампионатите на Централноевропската
зона на ФИА и на Македонија на кружни патеки што вчера се возеше на патеката кај
МРТВ. Минатата година побрз од него беше само Бугаринот Такев, но годинава
Хернади влезе низ целта 20 секунди пред натпреварувачот со второ време севкупно
Блаже Јанакиевски, кој ја одбрани титулата во класата до 2.000 кубни
сантиметри.
Финалето на сезоната донесе пресврт во поглед на титулите
само во втората класа (до 1400 ксм) од домашното првенство, во која Стево
Костовски го искористи дефектот на возилото на Владимир Димушевски и му го
„украде" шампионскиот пехар.
Игор Стефановски ја имаше обезбедено
титулата во првата класа (до 1.150 ксм) уште пред последната трка, но тоа не му
пречеше во шампионски стил да ја заврши сезоната, во која оствари максимални
четири победи.
Крсте Трајковски победи во класата до 1.600 ксм, но
титулата замина кај второпласираниот Благоја Димитровски поради повеќе завршени
трки.
Покрај Хернади, меѓународен карактер на трката ч дадоа и Србинот
Дарко Божиловиќ, кој водеше кај „југовците", но се откажа. Во таа класа
учествуваа и двајца возачи од Косово, Исмаил Османи и Насер Фарка, кои завршија
меѓу последните.
Пласман во класата до 1.150 ксм: Игор Стефановски
(Скопје) 28:52,570 мин., Виктор Давидовски (Прилепец) + 7,604 сек., Мијалче
Василевски (Топ спорт) + 20,432 сек. До 1.400 ксм: Стево Костовски (Прилепец)
29:13,993 мин., Марјан Велковски (Кастрол примо) + 8,152 сек., Владимир
Димушевски (Кастрол примо) + 2 круга. До 1.600 ксм: Крсте Трајковски (Прилепец)
27:11,719 мин., Благоја Димитровски (Автоклиника) + 46,208 сек., Орхан Ахмет
(Уно рејсинг) + 1 круг. До 2.000 ксм: Блаже Јанакиевски (Макпетрол) 27:59,975
мин., Ѓорѓи Данилов (Кастрол примо) + 20,336 сек., Александар Ѓорѓевиќ
(Автоклиника) + 50,232 сек.