Каква е врската на колекцијата станови во семејството на главниот опозициски лидер, изборниот процес и приватизацијата на ЕСМ Ампутација на дел од морализаторскиот јазик на Груевски Бранко Тричковски
Ако една мајка купила три стана во времето кога нејзиниот син како министер за финансии го продавал †Телекомот", колку стана ќе купи истата госпоѓа ако нејзиниот љубимец стигне да го продава ЕСМ како иден премиер на Македонија
Луѓето што го знаат случајот на една мајка која купила три стана во
времето кога нејзиниот син како министер за финансии го продавал
"Телекомот" се прашуваат колку стана ќе купи истата госпоѓа ако на
брановите на светлината што се одбива од митингарскиот асфалт
и прави розова експлозија во сивата зона на македонската надеж, нејзиниот
љубимец успее да ја грабне премиерската палка и да раководи со неа во
времето кога ќе се продаваат некои атрактивни парчиња од "Електростопанство на
Македонија", а можеби и комплетната фирма под услов компанијата на
Христова да почне да протестира, не сечејќи ги без врска сообраќајните
артерии, туку сечејќи ги вените, плус струјните далноводи или
водоводните канали на Рашче и на Студенчица до исполнување на сите барања:
Владата би капитулирала за два дена, а ние би биле спасени во изобилството
на евтина струја со сонценце, далеку од ,,високиот напон", на
странците. Тоа е аспект на злобниците кои си создаваат занимации додека го
чекаат решението на Антикорупциската комисија за ,,деликатниот случај" со
станбените квадрати на семејството Груевски. Варијантата на загрижените
патријархални Македонци изгледа вака: колку стана треба да собере во својата
колекција мајката на потенцијалниот македонски премиер за да ја осуети
намерата на гладните и на наивните да го откорнат
нејзиниот син и да го кандидираат за генерален секретар на Обединетите
нации во таа пуста јабана американска во времето кога Македонија ќе остане без
проблеми кои го заслужуваат неговото внимание или, во една малку пооптимистичка
варијанта, во времето кога Македонија ќе остане без проблеми воопшто!? Утре, што
би се рекло! Лидерот кој го одбра моралниот пресек на состојбите како битна
утврда на сопствената политичка позиција и на профилот на групацијата на која Ј
вети дека ќе ја донесе на власт, неколку месеци пред парламентарните избори нема
ниту приближно квалитетен одговор на прашањата што му се поставуваат во врска со
становите на мајка му како морални, но истовремено и како правни и како
политички дилеми. Но, што од тоа? Во однос на вкупните транзициски
биланси на македонскиот судир со моралот и со законот, квадратите за кои тука
станува збор се ситница каква што во перцепцијата на просечниот Македонец може
да изгледа и фактот дека младиот водач не ја кажувал целата вистина за својата
имотна состојба кога бил прашуван за тоа од надлежно место и сега кога ја
повторува истата морална инкриминација додека ��е брани како некој повратник пред
лицето на правдата. Ние имаме реални основи да се сомневаме дека за тапиите на
тие станови е заслужна традиционалната можност за злоупотреба на
службената должност, широко распространета на овие простори, но, што е тоа во
оваа наше разулавено ,,море од солзи". Груевски врзува околу себе сериозни
интереси кои нема да дозволат преку овие станбени ,,ситници" да бидат исфрлени
од исклучително важната изборна трка, не тој и неговото потесно партиско јадро,
туку носителите на тие интереси кои се оформуваат околу идејата за промени или
кои суштински ја оформуваат самата идеја и на неа работат подолго време. Во тие
тажни аспекти на македонската проекција успехот на изборите е неспоредливо
поважен од моралот и од правдата и затоа се осмелувам да тврдам дека вторите
елементи ќе бидат потиснати од императивот на успехот на повисоките нивоа и од
инстинктот на преживувањето на пониските скалила. Власта ја димензионира целата
афера внимателно, со јасна намера во ова предизборно време да ги дискредитира
Груевски и неговата позиција, но не прегрубо, не преинтензивно, без
преголем ризик политичкиот противник да се стави во безизлезна ситуација и да се
дразни на неконтролирани реакции по линијата на тие импути, конечно, без
пренапрегнување и на сопствените морални капацитети кои, како што знаеме, знаеле
на вакви и слични теми не еднаш да бидат компромитирани. Тоа е
политичарски, а не политички, аспект на работите кој калкулира со надежта дека
,,во интерес на сите,, аферата ќе се исцрпи оној момент кога Груевски ќе
покаже потврда дека бил на операција на која му е ампутиран дел од
морализаторскиот политички јазик со кој четири години ја тероризираше власта,
газејќи постојано врз ризичната линија на која обично се
јавуваат сериозни контраефекти во презаситената јавност. Тоа може да биде
исклучително добро за спуштање на реалната предизборна температура, односно за
постигнување клима која ќе личи на скандинавската во времето кога Македонија ќе
мора да избере кој во наредните четири години ќе ги администрира
утврдените насоки, но проблемот е во тоа што таа доминантна опортунистичка жичка
во колективниот карактер, таа византиска нота во нашата интонација, таа ментална
и духовна корупција ги трампа без пардон ситните или малку покрупните дневни
,,исцелителни,, дози за луѓето и за нивните колективитети за разорените
перспективи и на државата и на нацијата и на поединецот. Може ли со ваква
морална и веројатно политичка хипотека на јавната сцена од
моралнополитички аспект да се проблематизира изборната процедура (демек,
власта се подготвува да му ја украде победата преку административците во
изборните органи) или да се персонализира надежта во моралната обнова на
Македонија. Може, се разбира, но само ако претходно расчистиме дека цената што
нема да ја плати Груевски или некој друг од таа категорија, ќе ја платиме
сите заедно како општо конто на бесправноста и неморалот, до последниот
дени, Можноста на владите и на индивидуалните политичари да употребуваат
патронажа во омилените фирми, да им помагаат на своите пријатели, да добиваат
услуги за возврат, да поддржуваат специјални интереси како што се,
на пример, трговските унии, да се претставуваат самите себеси како
патриоти во една поширока смисла, тоа се тулите од кои се ѕида ѕидот на
националните опструкции пред пазарните сопственички трансформации на познати
компании во рамките на глобалистичките процеси, пишува лондонски ,,Економист,,
во статија за економскиот национализам. Тие опструкции не им помагаат на
потрошувачите, животните стандарди не растат, на нацијата не Ј е подобро,
но на политичката и на корпоративната елита би можело да Ј биде ако успешно се
спротивстави на продажбата на големите компании кои се сметаат за национални
брендови, пишува највлијателниот економски неделник на светот, наведувајќи
примери во САД (купување на некои американски пристаништа од фирма во
Дубаи) и во Франција (трансфер на голема сервисна компанија во
сопственост на италијански фирми) кои би го разнежниле срцето на Крал Маркс кој,
пак, отсекогаш тврдел дека сопственоста и моќта преку
неа да се експлоатира, се сў. ,,Економист" не пишува за
продажбата на ЕСМ, но пишува за економскиот национализам кој се обидува на
компетитивноста како глобален неарбитрарен критериум да Ј ги спротивстави
резоните на социјалистичкиот марксизам завиткани во национални знамиња од
популистичка демагогија и елитистички интереси и затоа тоа е поглед кој би
требало да биде интересен за нас и за нашиот случај, за кревање на маглата
што околу приватизацијата ја создаваат нашите марксистички националисти или
национални марксисти, како сакате. Не можам да одолеам да
не цитирам во оваа прилика и едно парче од интервјуто на
Ерхард Бусек во скопски ,,Дневник" затоа што во речиси едногодишната бурна
расправа околу темата за приватизацијата на "Електростопанство на Македонија" не
успеав да сретнам поконцентриран опис на битната перспектива на приватизацискиот
процес - обезбедување на компетиција и развој на ЕСМ и преку тоа обезбедување на
пониска цена на струјата во системите на приватните односи и визии:
,,Приватизацијата е еден од условите за развој и е, пред сў, во корист на
потрошувачите. Во цела Европа постои компетитивност во производството на
електрична енергија. Австриското искуство покажува дека со тоа ен��ргијата
станува поевтина за потрошувачот. Државните електростопанства повеќе не се
силни. Тие се инструмент за влијание во модерното време. Очигледно е дека
целата работа тука не им е објаснета на луѓето. Ваквите приватизации се успешни
приказни во цела Европа. Зошто тогаш би било погрешно за Македонија. Секоја
промена е болна. Ако тргнете од тоа, тогаш нема да промените ништо. Но, ако
сакате да бидете компетитивни, алтернатива нема".