Број 2028 понеделник, 16 октомври 2006


  На прво место: Смрт во Хаг


Хаг го изгуби својот најважен затвореник чија политика поттикна крвави војни во поранешна Југославија

Изненадувачка вест од затворот на Хашкиот трибунал. Почина најважниот човек кому му се судеше
Милошевиќ умре, крај на една епоха
ХАГ - Слободан Милошевиќ, наречен „касапот од Балканот“ поради конфликтите што доведоа до распад на Југославија во деведесеттите години, во саботата е пронајден мртов во неговата затворска ќелија, еден месец пред донесувањето на пресудата во неговиот судски процес за воени злосторства. „Милошевиќ е пронајден мртов во неговиот кревет во затворската ќелија“, се наведува во соопштението на Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг. „Стражарите веднаш ги алармираа затворските власти и медицинскиот персонал. Подоцна беше потврдено дека Слободан Милошевиќ е мртов". Главната хашка обвинителка Карла дел Понте изјави дека приближувањето на крајот на судскиот процес би можело да биде причина Милошевиќ (64) да си го одземе животот. Меѓутоа, претседателот на Хашкиот трибунал, Фаусто Покар, вчера изјави дека тимот холандски форензичари не можел да ја утврди причината за смртта на Слободан Милошевиќ.


Каде ќе биде погребот
Во саботата вечерта се уште не беа направени подготовките за погребот на Милошевиќ и тоа се заканува да ја продлабочи поделбата во Србија меѓу сў помалиот број симпатизери на Милошевиќ и неговите политички опоненти. Официјални лица од неговата Социјалистичка партија изјавија дека тој треба да биде погребан како херој на централните гробишта во Белград, додека пак неговите противници побараа тој да не биде погребан со државни почести. Сопругата на Милошевиќ, Мира Марковиќ, и нивните две деца коиживеат во егзил во Русија и сў уште се немаа произнесено каде сакаат да биде погребано телото на Милошевиќ. По Марковиќ и синот Марко е распишана потерница за злоупотреба на овластувањата додека Милошевиќ бил на власт. Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, најверојатно нема да и даде амнестија на Марковиќ за да дојде во Белград доколку таму биде закопот.


Изјава
Дел Понте: Смртта на Милошевиќ е целосен пораз за мене
Дел Понте изјави дека била многу гневна кога слушнала за смртта на Милошевиќ само неколку месеци пред изрекувањето на пресудата по неговиот четиригодишен судски процес. „Јас сум бесна“, изјави таа во интервјуто за италијанскиот весник „Република“. „За миг се е изгубено... Смртта на Милошевиќ за мене претставува целосен пораз. Не можам да поверувам дека пропаднаа толку години работа, труд, темелно испитување и постојано совладување пречки. Одеднаш сето тоа пропадна и повеќе го нема судењето на Милошевиќ“, изјави Дел Понте во интервјуто за италијанскиот весник. Дел Понте за италијанскиот весник изјави дека приближувањето на крајот на судскиот процес го поттикнало Милошевиќ да си го одземе животот. „Според нашите процени, (судскиот процес) ќе беше затворен со барање за изрекување казна доживотен затвор. Можеби тој тоа сакал да го избегне", изјави Дел Понте за „Република“. „Можеби тој ни го упати својот последен предизвик. Што ако се убил?“, праша Дел Понте во интервјуто што го објави весникот.

Главно прашање е зошто сите обвиненија против Милошевиќ беа во еден процес
Тешки денови за трибуналот во хаг
Смртта на Милошевиќ ќе фрли сенка врз неговиот правен непријател, Карла дел Понте


Пет минути пред донесување на хашката пресуда, смртта на Милошевиќ  за конзервативна Србија дојде во вистински час, а за Хаг во најнезгоден

Србија во клинч со минатото и со актуелната реалност. На старите митови им се додаваат нови
Недоврешна српска приказна
Мртвиот Милошевиќ доаѓа во Србија како светец


Во 1989 година  Милошевиќ дефинитивно ги освои Србите со обраќање на  мега-митингот во месноста  Газиместан на 600-годишнината од Косовската битка

Подемот и падот на Милошевиќ
Популистот од Газиместан умре осамен во ќелија во Шевенинген
Слободан Милошевиќ имаше типишно макијавелистичка кариера - го интересираше само власта, а не идеологијата. Се ослободи од своите патрони на бескрупулозен начин. Беше комунист и конзервативен националист


Технократот стана вожд
Биографите на политичката кариера на некогашниот вожд само во нијанси се разликуваат во процените кои биле историските околности и почетоците на кариерата на Слободан Милошевиќ. Тој никогаш не бил комунистички апаратчик, не е резултат на социјалистичката лабораторија која од мали нозе подготвуваше кадри кои ќе му служат на системот. Како завршен правник и со препораки на успешен менаџер во "Техногас° и на "Беобанка°, Милошевиќ во политиката повеќе влезе како странец во погрешно друштво отколку како човек кој сакаше да стане политичар


Ричард Холбрук

Главниот преговарач за поранешна Југославија, американскиот "булдужер" за затвореникот од Хаг
Ричард Холбрук нема да лее солзи по Милошевиќ


Според Светозар Маровиќ, со смртта во Хаг нема да може да се дознае целата вистина за улогата на Милошевиќ во историските случувања

Рекации во Србија и соседните држави по смртта на поранешниот претседател на СРЈ
За Милошевиќ сега ќе суди историјата
Некои од медиумите во Белград пишуваат дека во Хаг се случило убиство

Подобри денови за Балканот
Хрватскиот претседател Стипе Месиќ изрази по повод смртта на Милошевиќ жалење што поранешниот југословенски и српски претседател не ја доживеал "заслужената казна". "Штета што не го доживеа завршувањето на процесот и не ја доби заслужената казна", изјави Месиќ. Младен Иваниќ, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина , изјави дека смртта на Милошевиќ е крај на една етапа од историјата на сите земји од поранешна Југославија. Албанскиот премиер Сали Бериша рече дека смртта донела олеснување за семејствата на стотиците илјади негови жртви. "Смртта на касапот на Балканот е олеснување за семејствата на стотиците илјади жртви на неговото варварство", изјави Бериша, додавајќи дека господ му пресудил на Милошевиќ пред тоа да го стори судот.

Како македонските политички претставници ја примија веста за смртта во Хаг
Умре Милошевиќ... Знам!
"Брат, умрел Слобо, сега на регионов ќе му тргне!" Возбудено зборуваше висок вмровски претставник преку телефон

Молк во Скопје
љупЧо поповски


Свет
Смртта ја изигра правдата
Смртта не менува ништо, бидејќи Белград мора да се соочи со минатото


Највисоките руски политичари не престануваат да го обвинуваат раководството на Хашкиот трибунал
Москва бара оцена за експертизата на лекарите
Официјална Москва го доживува Милошевиќ како симбол на борбата на еден мал народ против моќниот НАТО

Адвокат
Милошевиќ барал помош
ХАГ - Слободан Милошевиќ испрати писмо до Русија во кое бара помош и наведува дека му се даваат погрешни лекарства во обидот да се замолчи, еден ден пред неговата смрт, изјави вчера неговиот адвокат. Адвокатот Зденко Томановиќ кој на новинарите им покажа копија од рачно напишано писмо изјави дека Милошевиќ во петокот барал помош од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. "Барам од вас помош да ме заштитите од криминалните активности кои се извршуваат во институциите што работат под знамето ОН" изјави Томановиќ, читајќи го писмото на Милошевиќ. Во писмото Милошевиќ пишува дека два дена претходно добил документ во кој се потврдува дека во неговата крв во јануари е пронајден силен лек кој се користи само во случај на лепра и туберкулоза, изјави Томановиќ.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани