Број 2028 понеделник, 16 октомври 2006



Изненадувачка вест од затворот на Хашкиот трибунал. Почина најважниот човек кому му се судеше
Милошевиќ умре, крај на една епоха

Хаг го изгуби својот најважен затвореник чија политика поттикна крвави војни во поранешна Југославија

ХАГ - Слободан Милошевиќ, наречен „касапот од Балканот“ поради конфликтите што доведоа до распад на Југославија во деведесеттите години, во саботата е пронајден мртов во неговата затворска ќелија, еден месец пред донесувањето на пресудата во неговиот судски процес за воени злосторства. „Милошевиќ е пронајден мртов во неговиот кревет во затворската ќелија“, се наведува во соопштението на Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг. „Стражарите веднаш ги алармираа затворските власти и медицинскиот персонал. Подоцна беше потврдено дека Слободан Милошевиќ е мртов". Главната хашка обвинителка Карла дел Понте изјави дека приближувањето на крајот на судскиот процес би можело да биде причина Милошевиќ (64) да си го одземе животот. Меѓутоа, претседателот на Хашкиот трибунал, Фаусто Покар, вчера изјави дека тимот холандски форензичари не можел да ја утврди причината за смртта на Слободан Милошевиќ.

На прво место: Смрт во Хаг

Изјава
Дел Понте: Смртта на Милошевиќ е целосен пораз за мене
Дел Понте изјави дека била многу гневна кога слушнала за смртта на Милошевиќ само неколку месеци пред изрекувањето на пресудата по неговиот четиригодишен судски процес. „Јас сум бесна“, изјави таа во интервјуто за италијанскиот весник „Република“. „За миг се е изгубено... Смртта на Милошевиќ за мене претставува целосен пораз. Не можам да поверувам дека пропаднаа толку години работа, труд, темелно испитување и постојано совладување пречки. Одеднаш сето тоа пропадна и повеќе го нема судењето на Милошевиќ“, изјави Дел Понте во интервјуто за италијанскиот весник. Дел Понте за италијанскиот весник изјави дека приближувањето на крајот на судскиот процес го поттикнало Милошевиќ да си го одземе животот. „Според нашите процени, (судскиот процес) ќе беше затворен со барање за изрекување казна доживотен затвор. Можеби тој тоа сакал да го избегне", изјави Дел Понте за „Република“. „Можеби тој ни го упати својот последен предизвик. Што ако се убил?“, праша Дел Понте во интервјуто што го објави весникот.

Дневник

Колку пари од Буџетот се потребни за реализација на законот ќе се знае откако Министерството за труд и социјала ќе ги ревидира списоците и ќе добие реална бројка на стечајци

Владата најави законски новини за лицата што останаа без работа со 25 години стаж
Стечајците ќе си обезбедат пензионирање или вработување
Работна група ќе ја прецизира содржината на новиот закон со кој се обезбедува статусот на околу 6.000 стечајци со 25 години стаж

Интервју

"Случајот  Рамковски" е проблем,  вознемирување, а не опасност за  македонско-американските односи. Место за подобрување на македонските медиуми, парите беа украдени од нив: Џилиен Миловановиќ

Џилиен Миловановиќ, амбасадорката на САД, за изборите, аферите и за личниот имиџ
САД и е партнер на Македонија, а не патерналист
Според Венецијанската комисија и ОДИХР, не постои преферирана меѓународна практика околу составот на избирачките одбори

Дневник

Бучковски:  Ова е максималниот можен компромис со кој се затвораат шпекулациите дека власта сака да организира фалсификат

По четиричасовни разговори и неколку паузи за смирување на страстите, во саботата беше постигнат компромис
Власта и опозицијата се договорија за изборната регулатива
Груевски: Со доближувањето по ова клучно прашање почнавме да излегуваме од тешката ситуација во која не донесе владиниот предлог

Анализа

Ако една мајка  купила три стана во времето кога  нејзиниот син како министер  за финансии го продавал  †Телекомот",  колку стана ќе купи истата госпоѓа ако  нејзиниот љубимец  стигне  да го продава ЕСМ  како иден премиер  на Македонија

Каква е врската на колекцијата станови во семејството на главниот опозициски лидер, изборниот процес и приватизацијата на ЕСМ
Ампутација на дел од морализаторскиот јазик на Груевски
Бранко Тричковски

Спорт

Михаел Шумахер и Фернандо Алонсо со славеничкото шампањско на подиумот

Фантастичен старт на новата сезона во Формула 1 со возбудливата трка за Големата награда на Бахреин
Шпанецот Алонсо успешно ја почна одбраната на титулата
Второпласираниот Шумахер се израмни со Сена по бројот на пол-позиции

Спорт

 Наталија Тодоровска беше најдобар поединец на средбата и прв стрелец со осум гола

Кометал ЃП загуби од Астрок Сагунто со надежни 26:24 во првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампионите
Полуфиналето на дофат за ѓорчепетровки
Во првиот дел гостинките имаа 11:8, но во средината на вториот губеа со 18:22

Економија

Намалувањето на домашната поддршка и елиминирањето на извозните  субвенции ќе значи дека фондовите на ЕУ за овој  сектор значително ќе  се намалат  до 2013 година

До крајот на април годинава треба да се дефинираат модалитетите за намалување на поддршката во земјоделството
Земјоделците со помала поддршка
По влегувањето во ЕУ македонските фармери ќе немаат поддршка, каква што сега користат европските

Хроника

Авганистан

Според авганистанската нповинска агенција Авган исламик прес
Киднапирани четворица Албанци во Авганистан
Дописникот на Макфакс од Тирана не ја исклучува можноста киднапираните да се државјани на Македонија

Хроника

Најголем број жртви, или 89 отсто побарале  помош во Центарот поради сексуално  малтретирање, а не заостанува ни бројот на  жени кои биле физички малтретирани

Потресна приказна на една жена, жртва на семејно насилство ко��а пронашла засолниште во Шелтер-центарот
Тринаесет години во семеен пекол
Во Шелтер-центарот во Скопје, која функционира од 2001 година, моментално се сместени 19 жени и шест деца

10. Страница

Станува збор за  намера да се  исфорсира медиокритетството, зашто некој овдешен идеолог правилно сфатил дека со медиокритети многу полесно се  манипулира

Како сум систематски уништен од идиоти
Ѕвездан Георгиевски

Мислења

Политичките елити и  фанансиската олигархија изградија железен систем на одбрана што не може да  биде пробиен со демократски средства

Дамин гамбит
НИНОСЛАВ ИВАНОВСКИ

Свет

Преземајќи ја на тој начин водечката улога во преговарачкиот тим на Косово
Агим Чеку и официјално нов премиер на Косово
Во специјалната порака до српското малцинство, Агим Чеку на српски изјави: „Заедно ќе создадеме држава која ќе ги гарантира слободата, еднаквоста и економскиот развој за сите, без разлика на етничката припадност“

Култура

Разговор со Цане Андреевски, добитник на наградата на ДПМ 'Ванчо Николески"
Творештвото е огледало на човековата душа
Ако се задоволуваат понекогаШ потребите на тесен круг читатели за извесни специфични изданија, не може да се запостават интересирањата на најШирокиот круг читатели - децата

Скопје

Реонски центар  "Аеродром"

Поради недоразбирање на Јавното станбено претпријатие и општините Кисела Вода и Аеродром
Четири години 2.000 граѓани чекаат да се вселат во платени станови
Идните станари на четирите готови згради, кои чекаат само приклучоци за вода, парно и струја, се млади брачни двојки и семејства на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година

Шарена страница

"Но нејм"

Раздружувачки скандал на српско-црногорскиот Избор за песна на Евровизија
СЦГ без претставник во евровизиска Атина?
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани