Број 2033 понеделник, 16 октомври 2006


  Култура


На писателот му е потребна просторна, а не временска дистанца

Интервју со Пајо Авировиќ, лауреат на наградата "Роман на годината"
Да не се плашевме, се ќе беше поинаку
Историјата не се грижеше за мене, зошто јас би се грижел за неа


Изложба на германскиот експресионист Ото Дикс во 'Мала станица"
'Војна" - фасцинантно пренесена реалност
Нацистите на Дикс му ја одзедоа катедрата за уметност и му изрекоа забрана за изложување


Современа македонска фотографија
ѓока Чаушевски
Ѓока Чаушевски чиј датум на раѓање Македонскиот центар за фотографија кој го истражува неговото творештво, сеуште го нема прецизирано, е фотограф и кујунџија од Ресен, каде имал и кујунџиски дуќан. Работел со фото камера која ја набавил од браќата Манаки, а со фотографија започнал да се занимава околу 1917/18 година. Фотографот Роберт Јанкуловски смета дека Чаушевски не поседувал фотографско ателје, а заклучокот го извлекува од присуството на големиот број сочувани негативи (стаклени плочи). Ѓока Чаушевски фотографирал пред дуќанот каде што како позадина користел еднобојно, светло- сиво (бело) платно или воопшто не користел, а портретираните ги поставувал пред некој од околните ѕидови. За значајна се смета неговата колекцијата на портрети, (цели фигури) на личности со музички инструмент, како и неколку портрети во затворен простор. Зачувана е и една фотографија од ентериер на ресенска црква, како и фотографии снимени во околината на градот. Чаушевски умрел во Ресен 1925 година.

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани