Број 2033 понеделник, 16 октомври 2006


  Шарена страница

   

 

Нови ангажмани на Проески во Хрватска
На Тоше му се "насмевнува" улога во "Забранета љубов"
Тоше Проески, кој станува се поомилен меѓу хрватската публика, пред се благодарение на дуетот со Тони Цетински, "Лагала нас мала" се наоѓа пред нов предизвик. Имено, на нашиот пејач му претстои улога во сапуницата "Забранета љубов", која се емитува на РТЛ и за која Тоше неодамна ја сними најавната шпица "Срце није камен", пишува "Вечерњи лист". Токму со оваа композиција Проески ќе се натпреварува и на јубилејниот 10. Хрватски радиофестивал кој ќе се одржи од 25 до 27 мај во Трогир и на кој, покрај нашиот пејач, ќе настапат Тони Цетински, Ивана Банфиќ, Санди Ценов, Феминем, Влатка Покос, Лео, Маја Шупут, Алка Вуица...

Тоше за време на сетот на "Забранета љубов": со главната ѕвезда и авторка на текстот Антонија Шола
 


© 2001 Утрински Весник, сите права задржани