Број 2033 понеделник, 16 октомври 2006


  Фељтон

   

 

По неоконзерватизмот
Добротворна хегемонија
Френсис Фукујама

Структурната нерамнотежа во глобалната моќ стана огромна. Америка го надмина другиот свет во секоја димензија на моќта со невидена граница
Администрацијата на Буш и нејзините неоконзервативни приврзаници едноставно не ја потценија тешкотијата од донесување конгенијални политички исходи на места како што е Ирак; тие, исто така, погрешно го разбраа начинот на кој светот би реагирал на употребата на американската моќ. Секако, студената војна беше полна со примери за, како што го нарекува аналитичарот за надворешна политика, Стивен Сестанович, американски максимализам, каде што Вашингтон реагираше прв и бараше легитимност и поддршка од своите сојузници дури по фактот. Но, во периодот по студената војна, структурната ситуација на светската политика се смени на начин на кој тој вид на примена на моќ стана многу попроблематичен дури и за блиските сојузници.
По распаѓањето на Советскиот Сојуз, различни неоконзервативни автори, како Чарлс Краутхамер, Вилијам Кристол и Роберт Кејган, укажуваа дека САД ќе ја искористат границата на моќта за да извршат еден вид "добротворна хегемонија° врз другиот дел од светот, поправајќи ги проблемите како што се непослушните земји со оружје за масовно уништување, злоупотреби на човечките права и терористички закани што се појавуваат. Кристол и Кејган, кои пишуваа пред војната во Ирак, размислуваа дали тој став ќе предизвика отпор кај другиот свет, и заклучија дека "тоа е бидејќи американската надворешна политика има влиено невобичаено висок степен на моралност за што други земји сметаат дека треба помалку да се плашат од нејзината инаку застрашувачка сила°.
Тешко е да се читаат овие редови без иронија во поглед на глобалната реакција спрема ирачката војна, која успеа да обедини поголем дел од светот во бес од антиамериканизам. Идејата дека САД се подобротворен хегемон отколку повеќето не е апсурдна, но постоеја предупредувачки знаци дека работите во односот на Америка спрема светот се смениле, долго време пред почетокот на војната во Ирак. Структурната нерамнотежа во глобалната моќ стана огромна. Америка го надмина другиот свет во секоја димензија на моќта со невидена граница, со трошоци за одбраната речиси еднакви на оние од другиот свет заедно. Уште во времето на Клинтон, американската економска хегемонија создаде огромно непријателство за процесот на глобализација во кој доминираа Американците, често пати кај дел од блиските демократски сојузници кои сметаат дека САД се обидуваат да им го наметнат нивниот антидржавен општествен модел.
Постоеја и други причини зошто светот не ја прифати американската добротворна хегемонија. Пред сў, беше постулирана на американската исклучителност, идејата дека Америка би можела да ја искористи својата моќ во примери каде што другите не би можеле, бидејќи беше повиртуозна отколку другите земји. Доктрината на превентивност од  терористички зака��и, содржана во Националната безбедносна стратегија за 2002, беше таква што не можеше безбедно да се генерализира во интернационалниот систем; Америка би била прва земја што би се спротивставила доколку Русија, Кина, Индија или Франција прогласат слично право на унилатерална акција. САД се обидуваа да го пренесат мислењето на други, иако беа неподготвени нивното сопствено однесување да се испитува на места како што е Меѓународниот кривичен суд.
Другиот проблем со добротворната хегемонија беше домашен. Постојат остри ограничувања за вниманието на американскиот народ за надворешни прашања и подготвеност да се финансираат проекти во прекуокеански земји кои немаат јасни бенефиции за американските интереси. На многу начини 11 септември ја смени таа сметка, обезбедувајќи јавна поддршка за две војни на Блискиот Исток и обемни зголемувања во трошоците за одбрана. Меѓутоа, трајноста на поддршката е неизвесна: иако повеќето Американци сакаат да направат сў што е потребно за да успее проектот за обнова на Ирак, периодот по инвазијата не го зголеми апетитот на јавноста за натамошни скапи интервенции. Американците во душа не се империјален народ. Дури и добротворните хегемонии понекогаш треба да реагираат немилосрдно, потребна им е  и издржливост која не доаѓа лесно кај луѓето кои се разумно задоволни за нивните сопствени животи и општеството.
Конечно, добротворната хегемонија претпоставува дека хегемон не е само добронамерниот туку, исто така, и компетентниот. Поголем дел од критиките за ирачката интервенција од Европејците и другите не се базираа на нормативен случај дека САД не добиваат овластување од Советот за безбедност на ОН, туку повеќе на верувањето дека не создале соодветен случај за напад врз Ирак на прво место, и не знаеле што прават во обидот да го демократизираат Ирак. Во тоа критиките, за жал, не беа однапред познати.                                  (Продолжува)


(Авторот предава на Школата за напредни меѓународни
студии на американскиот универзитет "Џонс Хопкинс°.
Овој есеј е адаптиран од неговата книга "Америка
на крстопатите°, која излезе на крајот од февруари)


 


© 2001 Утрински Весник, сите права задржани