Број 2033 понеделник, 16 октомври 2006


  Хроника


Во автомобилот "опел  калибра", со кој бегале нечесните полицајци,           пронајдени се 2 килограма хероин и два пиштола со калибар од 9 милиметри

Во бркотница со автомобили низ скопските улици како на филмско платно
Уапсени полицајци - дилери на хероин
Двајца полицајци, дилери на дрога, се уапсени по завчерашната акција на припадници на Посебната мобилна единица "Алфи", која, како на филмско платно, се одвивала по улиците на Скопје. Во акцијата "паднаа" уште двајца партнери на полицајците. Во автомобилот со кој бегале нечесните полицајци, пронајдени се два килограма хероин и два пиштола. Приказната започнала околу 21 часот пред Трговскиот центар "Бисер" во населбата Јане Сандански. Таму биле договорени да се видат двајцата полицајци Фитим М. (24) од Скопје и Али С. (25) од скопско Шишево и нивните наркопартнери.


Николче Гигевски -Кинез (22) по изрекувањето на пресудата

Основниот суд Скопје 2 пресуди за злосторството врз Санде и Цветанка Тодевска
Доживотен затвор за убиецот на брачната двојка од Драчево

Кавадарци
Три и пол години затвор за убиство од небрежност
Димитар Илов (62) ја уби Блага Божиновска откако таа одбила сексуален однос

Гробиштата ги поделија селаните во кичевско Другово
Друговчани две децении се инаетат со бога
Половината од селаните бараат проширување на постојните гробишта, а другите се против, бидејќи околу нив изградиле куќи
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани