Број 2033 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


Ана Аморим - рак. во Кометал Ѓ. Петров
Вечерва од 18 ч. нe очекува важниот реванш - меч со Астрок Сагундо, од четвртина финалето на Лигата на шампионите. Како и секогаш пред важен натпревар, во карантин сме со колешките и денеска ја спроведуваме редовната процедура- гледање касета со играта на противникот, состанок, концентрација... и одиме на победа.


Гоце Арнаудов - пејач
Од вчера сум во Скопје, каде што со Милан Завков и Миле Барбаровски работиме на една песна за новиот албум, што ми е во подготовка. Попладнето, тргнувам на пат за Демир Хисар, каде што вечер имам настап на манифестацијата "Вешта жена".


Магдалена Ризова-Черних - актерка
Максимално ангажиран викенд, што бара прецизна организација. Денеска имам две генерални проби - едната за утрешната премиера во "Поткале" на "Ќелавата пејачка", другата за претставата "Дед лајн" , чија премиера ќе биде в среда, во Салон 19,19. Ќе се трудам да постигнам сў, а всушност и не ми е првпат.


Светлана Црнокрак - манекенка
Викенд-денови кои со нетрпение ги чекам за малку да го стивнам темпото на живеење. Саботата претпладне е посветена на обврските на ќерка ми Моника и нејзините активности. Пред семејниот ручек, некое кафе со пријателите, а во зависност од временските услови, може да се решиме да одиме и до Маврово.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани