Број 2033 понеделник, 16 октомври 2006


  Хороскоп

   

 

Дневен хороскоп

Овен
Среќни сте. Кој е заслужен за насмевката која не може да се симне од вашето лице? Уживајте во прекрасните моменти, бидејќи ваквите можности ретко се укажуваат. Не растурајте ги емоциите, ограничени се.
Бик
Работно сте ангажирани и вредни. Всушност, работата е одлична компензација за емотивното незадоволство. Кога работите, немате време да размислувате за проблемите... Корист можете да имате само доколку се потпрете на сопствените сили.
Близнаци
Оптимистичкиот пристап кон проблемите е нагласен, па лесно ќе ги решите сите тешкотии. Доколку сте во прилика да решавате некое семејно прашање или да се адаптирате на животниот простор, вистински момент е.
Рак
На прв поглед одлично функционирате. Но, кога ќе се задлабочите во случајот, тогаш станувате сў повеќе незадоволни. Сў се одвива бавно, но не грижете се - времето работи за вас. Свртете се кон уметноста.
Лав
Конечно, најдовте време за убави работи. Работата денес е во втор план, а некој ќе се обиде да ја разбуди вашата фантазија. Имате желба убаво да изгледате за да можете полесно да го освоите саканото лице.
Девица
Ако сакате да постигнете видливи резултати, морате самите да се потрудите. Имате чувство дека ништо не паѓа од небо. Бидејќи денес ви годи еден вид самотија, обидете се да се изолирате. Ќе ги наполните батериите и ќе бидете подготвени за нови победи.
Терезија
Настапуваат тешкотии, без разлика дали станува збор за вашата работа или здравје. Пожелно е да се занимавате со каква било физичка активност ако сакате да ја подобрите ситуацијата. Подгответе се за средба со некои драги личности, кои постојано мислат на вас.
Скорпија
Бидете трпеливи кога станува збор за вашата желба за докажување на квалитетите. Доколку се наметнувате, лесно можете да влезете во расправии со соработниците. Моментално ве нервира една ужасна личност. Што подалеку од неа.
Стрелец
Убаво се чувствувате под услов да сте свртени само кон оние работи кои ви причинуваат задоволство. Работите доцнат, партнерот ве нервира, парите никаде ги нема. Потрудете се на секој можен начин да го подобрите расположението.
Јарец
Имате потреба другите да ви посветуваат неограничено внимание. Тоа сите го посакуваме, но кај вас е премногу изразено. Бидејќи сте со променливо расположение и чувствувате недостиг од љубов, побарајте спас во работата.
Водолија
Можна е опасност од повреди, операции или судири со некои униформирани лица. Се советува дополнителна претпазливост, особено почитување на законските норми. Ако се придржувате до овие совети, ќе ги надминете проблемите.
Риби
Бидејќи се евидентни проблеми на ниво на личноста, обидете се да се осамите и да размислите каде грешите. Одморете се и реално проценете ги сопствените можности. Само така ќе ја надминете моменталната криза.


 


© 2001 Утрински Весник, сите права задржани