Синдикатот на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и
производство на хартија (ГИФИХ) смета дека Владата треба итно да го ревидира
финансиското работење на Македонската радио- телевизија.
„Владата се
обврза да изврши контрола на финансиското работење на МРТ, но до денеска не го
стори тоа, ниту вработените знаат дали се преземени какви било мерки", соопшти
ГИФИХ. Покрај утврдувањето на финансиската состојба во МРТ, треба да се
предложат и конкретни активности за реализација на барањата на вработените околу
исплатата на заостанатите плати и придонеси. Доколку Владата не ја реализира
одлуката, ГИФИХ ќе побара тоа да го стори Државниот завод за ревизија.