Број 2145 понеделник, 16 октомври 2006


  Шарена страница


ЦЕЦА ВО СТРУГА
Сакам нова љубов, но Аркан е неповторлив
Светлана Ражњатовиќ-Цеца, специјална гостинка на „13-ка", беше постојано со телохранители и не смееше да и фали ни влакно


Бојан „13-ка" ја засени и Цеца
Со настапот и имиџот „а ла Северина" на Евровизија, Бојан Јовановски, иницијаторот и организатор на манифестацијата „13-ка за најуспешните" ја засени дури и Цеца. Боки се појави во своето најконтроверзно издание досега- ја носеше креацијата на Севе- црвен фустан, златни чевли и долга црна перика, ја испеа и изигра „Моја штикла" (го распарчи дури и фустанот), а малку потоа ни ја запеа и одглуми и Елена Ристеска со „Нинанајна". Во жешки панталончиња и светкав црвен топ, Боки мрдаше со колкови, газе и стомаче. Единствена разлика беше што беа „троа" поголеми од оние на Елена, која не знаеше дали да се смее дали да плаче додека го гледаше шоуто

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани