Број 2145 понеделник, 16 октомври 2006


  Хороскоп

   

 

Дневен хороскоп

ОВЕН

Денеска мора да реагирате брзо, а познавајќи го вашиот знак, тоа и не е некој проблем. Со оглед на тоа дека сте поприлично самоуверени во своето знаење и способност, денеска ќе завршите одлична работа за која секако ќе бидете адекватно наградени.



БИК

Без оглед што не сакате да прашувате, а посебно некого да молите, денеска е добро да ги стиснете забите и да го направите токму тоа. Не затоа што сте неспособни, туку зашто имате една глава и две раце, а работа колку за тројца.



БЛИЗНАЦИ

Имате неверојатна сила, а тоа го забележуваат и луѓето од вашата околина кои се љубоморни на вас. Некој намерно ќе ве предизвика. Бидете добри и немојте да газите предлабоко зашто лесно би можеле тотално да се уништите.



РАК

Се сеќавате ли дека неодамна позајмивте извесна сума на пари, но дали ви ги вратија? Ако е одговорот не, сега е идеално време да си ги побарате назад. Иако не се работи за баснословна сума на пари, сепак, ќе ви послужи да "закрпите" некоја дупка.



ЛАВ

Она што денеска ќе го посакате, можете и да го добиете, но бидете сигурни дека ќе мора својски да се потрудите. Секако, најлесно е работите да се одвиваат сами од себе, но понекогаш мора да направите и некоја жртва за тоа што навистина го сакате.



ДЕВИЦА

Замисливте феноменален план со своите пријатели, но денеска ќе се соочите со проблеми при неговото остварување кои најверојатно ќе имаат финансиска природа. Но, ако верувате вистински во идејата, позајмете се или земете кредит.



ТЕРЕЗИЈА

Повторно ќе бидете под стрес кој е предизвикан од недостатокот на пари и работа. Но, со оглед на тоа што оваа ситуација е минлива, најдобро е да се обидете да ги зачувате нервите. Уште утре целата ситуација би можела да појде во позитивна насока.



СКОРПИЈА

Имате чувство како да трошите двојно повеќе време на работи кои досега брзо ги извршувавте. Не се нервирајте. Проблемот не е во вас, туку во фактот што сите околу вас се успорени, па со самото тоа и работите побавно се одвиваат.



СТРЕЛЕЦ

Голема е веројатноста да имате непријатен вербален дуел со една постара женска личност од вашето семејство. Причината како и секојпат ќе бидат парите. Подобро е да не влегувате во расправии зашто овојпат вие не сте во право, па лесно може да го извлечете подебелиот крај.



ЈАРЕЦ

Денеска ќе се чувствувате под притисок зашто од вас се очекува да донесете важна одлука. Не дозволувајте да ве исфрлат од колосек. Земете си време колку што ви треба и мирно размислете за се. Возот сигурно нема да ви побегне. Напротив, ќе ве чека додека вие не решите да тргнете.



ВОДОЛИЈА

Ќе се скарате со својот партнер, но немојте да очајувате. Последица на кавгата ќе биде тоа што тој/таа ќе ви даде пари за да ја остварите целта. Дали ќе ви позајми или ќе ви ги даде- не е важно. Во секој случај ќе се шетате наоколу со новите работи.



РИБИ

Денеска ќе се сетите на некој близок пријател кој не живее во ваша близина. Со оглед на тоа што не можете да патувате во моментов, најдобро е да контактирате преку мејл или телефон. Ќе се изненадите од сопствената смисла за хумор.







© 2001 Утрински Весник, сите права задржани