Број 2145 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


Ѓоко Мишковски продуцент
Пред да заминам со семејството на одмор во Охрид, во моето студио ги привршувам тековните работи- подготовка на нова песна и реклама. Вториот дел од денот, претпразнично, се загреваме со добро познато друштво на скара-жур во Радишани.


Катарина Ивановска модел
Веќе неколку дена сум на одмор во Охрид. Плажа, сончање, забава, журови, прошетки се мое секојдневје кое ми доаѓа како мелем по напорните работни денови. Денеска користам уште малку од убавините на Охрид пред враќањето во Скопје.


Александар Серафимовски кошаркар
Уживам во прекрасното време во Охрид. Денот ми почнува со мини-пливачки маратон од Билјанини Извори до хотел „Парк". Потоа се враќам пешки до плажата на „Градиште" каде што продолжувам со сончање и повремено разладување во вода. Вечерва забава во „Табана" или „Арена".
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани