Кумановскиот и Повардарскиот регион најопасни за живеење Уличниот криминал е најголема закана за безбедноста на граѓаните, покажува последната анкета
на УНДП
Најголем број жртви на криминал има во Кумановскиот регион и во Повардарскиот, а по нив следуваат Полошкиот и Скопскиот регион; од февруарското убиство на двајца љубовници во скопската населба 11 Октомври
ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА
Уличниот криминал е најголема закана за
безбедноста на македонските граѓани, покажуваат резултатите на истражувањето на
Програмата за развој на Обединетите нации во земјава (УНДП). Оружени грабежи,
киднапирања, убиства, напади и закани, граѓаните сметаат дека се задржуваат на
многу високо ниво, иако постои тенденција на опаѓање, но тоа, според нив, е
недоволно за да се чувствуваат порелаксирани. Затоа мошне висок процент на
граѓаните, или 33 отсто, сметаат дека ако поседуваат оружје ќе ја зголемат
безбедноста на семејството. Вака размислуваат 53, 9 отсто од граѓаните во
Полошкиот регион, додека во Кумановскиот тој процент е 49, 5 отсто.
Над
30 отсто од испитаниците, или 25,6 отсто Македонци и 39,6 отсто Албанци од
вкупно 1.056 испитаници, кои учествувале во анкетата, најмногу се плашат од
уличниот криминал. Пролиферацијата на оружјето за која се изјасниле 20,8 отсто
од анкетираните и организираните криминални групи за кои се определиле 11, 7
отсто од граѓаните, се исто така едни од основните причини поради кои тие
стравуваат за својата безбедност во земјава.
Од добиените анкетни
податоци произлегува дека 114 илјади лица или 5,7 отсто од испитаниците или
членови на нивните семејства биле жртви на криминал или на насилство, додека
10,9 отсто (218 илјади испитаници) знаат за случаи на семејно насилство во
нивната околина. Исто така, 8,8 отсто (176 илјади лица) од анкетираните
чувствуваат дека постои закана за нив", вели професорот Владо Поповски и
додава:„Сликата воопшто не е розова и индицира на општата ситуација во земјава".
Најголем број жртви на криминал има во Кумановскиот и во Повардарскиот
регион, а по нив следуваат Полошкиот и Скопскиот. Во однос на регионите, по
загрозеност предничат Кумановскиот и Повардарскиот регион со 7,5 односно 7, 4
отсто, а потоа следуваат Полошкиот (6,8) и Скопскиот со 6,3 отсто. Мажите се
позагрозени од жените, исто како што и руралното население е позагрозено од
урбаното.
Перцепциите на граѓаните укажуваат дека Албанците биле жртва
на криминал и насилство повеќе отколку Македонците, односно 7,2 наспроти 5,8
отсто.
Од анализите во врска со категоријата граѓани кои биле жртва на
криминал или насилство во последните шест месеци произлегува дека позагрозени од
другите се интелектуалците, професорите, новинарите и публицистите, потоа
работниците, студентите, а по нив се бизнисмените, земјоделците и домаќинките.
Во врска со тоа како се чувствуваат во нивните заедници, 64,9 отсто се
чувствуваат безбедно во својата заедница, а само 1,9 отсто се чувствуваат
безбедно и во другите делови на земјава во кои патуваат.
Последниве
години се забележуваат нови трендови во криминалитетот. Нападот врз лица и имоти
на граѓаните бележи благо опаѓање, но тој вид загрозување и понатаму останува на
високо ниво. Тоа особено се потенцира со фактот што голем процент од
загрозувањата на граѓаните се поврзани со крвни деликти, пред сж убиства. Речиси
секојдневно се случуваат пресметки меѓу банди, меѓу закрвени семејства,
разбојништва, препади, насилства и слично. Семејното насилство останува на, исто
така, високо ниво, над 10 отсто, се наведува во извештајот на УНДП.