Два нови моста за 10-годишниот јубилеј на Општина Илинден Со предавање во употреба на новоизградените мостови на одводниот канал во село Кадино и мостот во село Марино, Општина Илинден, ја одбележаа десетгодишнината од своето постоење. Во чест на празникот општинарите одржаа и свечена седница, а градоначалникот Жика Стојановски додели награди и благодарници на спортски клубови, поединци и стопански субјекти кои дале значаен придонес за развојот на Општината.