Број 2134 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


Маја Гроздановска-Панчева пејачка
Овој дел од летото, до 5 август, кога заминуваме семејно во Грција на одмор, го трошиме во домашно- скопски амбиент. Темпото на денот го диктираат ќерките Надица и Марија, која проодува. Сепак, се трудам да снимам некои песни за новиот албум.


Раде Павлов ТВ - водител во Сител
Кратко ми е времето за одмор во Охрид, каде што сум сега, па се трудам да постигнам максимални ефекти. Значи, спијам помалку, отколку во Скопје, гледам времето да ми дозволи активности на плажа во Трпејца или во Градиште.


Горан Димовски продуцент во Радио Антена 5
Секојдневните обврски во радио ми започнуваат во 9 ч., со подготовката на музичкиот избор за програмата со Дени од 10 до 12 часот. Потоа ме очекуваат тековните подготовки на летната шема на Антена 5.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани