Предаден во употреба паркот „Живко Брајковски" Градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, вчера свечено го предаде во употреба обновениот парк „Живко Брајковски" во населбата Бутел, на потегот помеѓу бензинската пумпа и Прокредит банка. Новиот парк има зелена површина од 13.000 квадратни метри, на која се насадени повеќе видови цвеќе и други растенија, поплочени се пешачки патеки со разнобојни плочки, поставени се клупи за одмор и 35 украсни канделабри. Обновата на паркот ја финансираше Општина Бутел. (С.Н.)
|