Број 2103 понеделник, 16 октомври 2006


  Македонија


УСЛОВИ  Стручњаците оцениле дека пелагониската рамница е исклучително место со идеални услови за изградба на аеродром

Желбата на битолчани за aеродром прерасна во фраза за подбив
Политичарите премногу ветија, а не беа подготвени да го одврзат ќесето, а аеродромот е скапа работа

Дебар
„Не“ за Србија додека Косово не стане независно
Здружение на политички осудувани и затворани Албанци од Дебар бара владата во Тирана да не ја признава српската држава с` додека Косово не стане независна и суверена држава. Здружението ~ препорачува на албанската нација да го продолжи бојкотот на српските производи. Исто така, целосно го поддржува косовското движење „Самоопределување“, чиј лидер е Албин Курти. Претседателот на Здружението, Шпетим Положани, ги повика албанските политички партии во Македонија „да ја разгледаат идејата за национално обединување“. (Ж.Т.)

МЛАДЕНОВСКА
Изборите зависат од културата на партиите
„Првичните резултати од примената на Законот за парнична постапка, која почна во јануари годинава, покажуваат дека на патот на реформите сме го одбрале вистинскиот правец“, изјави во интервју за МИА министерката за правда, Мери Младеновска. „Мислам дека со заедничка работа на сите во правосудниот систем и со правилна примена на законите ќе постигнеме солидни резултати што ќе придонесат да добиеме датум за преговори за членство во ЕУ“.

ТЕТОВО
Кандидатската листа ги раскара ВМРО-ДПМНЕ
ТЕТОВО - Кандидатската листа за пратеници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица ги раскара членовите на Општинскиот комитет во Тетово. Претседателот Зоран Станковски поднел неотповиклива оставка, а на листата на неговото писмено известување до централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ со неотповиклива оставка имало потписи на уште триесетина други членови, дел од највисокото општинско раководство, но и на претседателот на Унијата на млади, двете портпаролки и други. (Г.Е.)
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани