Број 2103 понеделник, 16 октомври 2006


  Хороскоп

   

 

Дневен хороскоп

ОВЕН
Окупирани сте со стекнување знаења, па сите денешни активности се насочени во тој правец. Уверливи сте во убедувањето на соговорниците и успевате да го остварите сето она што сте го замислиле. Не преценувајте ги сопствените можности.


БИК
Слабоста на организмот, склоноста кон настинки и песимистички ставови укажуваат на идеално решение, кое се состои во пасивноста, одморот и адекватната исхрана збогатена со витамини. Од решавањето на крупните проблеми денеска- ништо!


БЛИЗНАЦИ
Одлично соработувате со Овните. Со останатите знаци би можеле да имате проблеми, зашто се наоѓате во ситуација кога сите се трудат да ви го расипат расположението. Не дозволувајте им да успеат така што на момент ќе се повлечете и ќе комуницирате минимално.


РАК
Пред вас е ден полн со предизвици. Како за почеток на неделата ќе се соочите со еден куп обврски кои ќе ви ја нарушат хармонијата стекната за време на викендот. Умеете да се организирате, а тоа е една од вашите позитивни страни и предности.


ЛАВ
Ве очекуваат големи возбудувања и нервирања на полето на животот кое многу ви значи, а тоа е емотивниот план. Причината лежи во непромислените реакции на партнеровите постапки. Наместо да се концентрирате на неговите слабости, свртете се кон своите.


ДЕВИЦА
Фактите укажуваат на тоа дека тешко комуницирате со околината и донесувате субјективни заклучоци кои немаат врска со реалноста. Обидете се да се коригирате. Виновникот не е секогаш некој друг. Размислете за својот дел од одговорноста.


ТЕРЕЗИЈА
Терезиите ќе воспостават положба во друштвото и ќе успеат да и се наметнат на околината. Одлично функционирате со Лавовите, кои се подеднакво концентрирани на работата и решавањето на тешките деловни проблеми.


СКОРПИЈА
Планирате значајни работи кои од корен ќе ги променат вашите животни цели. Храброста и одлучноста ги имате на претек. Бидејќи сте окупирани со работата, немате време да кукате врз сопствената судбина. Но, ако се најдете во друштво на добри слушатели- не ви бега и тоа.


СТРЕЛЕЦ
Дали сте се обиделе да изброите до десет пред да почнете да скокате врз најголемиот непријател? Доколку не сте, обидете се со овој рецепт, ќе се исплати. Не попусто се вели дека молчењето е злато. Многумина од вас се соочат со здравствени проблеми.


ЈАРЕЦ
Ќе донесете избрзана одлука во врска со љубовта и односот со партнерот. Поведете сметка да не отидете во друга крајност, зашто во тој случај расправиите се неминовни. Бидејќи ве очекува среќа во работата, свртете се кон неа.


ВОДОЛИЈА
На сите работи им наоѓате маани. Ѕвездите се наместени така што околината повремено не ви причинува задоволство, туку само дополнително ве оптеретува. Бидејќи не можете да влијаете, помирете се со ситуацијата.
 
РИБИ
Чувствителни сте на многу работи, па затоа концентрирајте се на темите кои ви создаваат задоволство. Домот и семејството се на прво место, иако, ќе признаете, ниту тие не ги исполнуваат вашите очекувања. Бидете директни и конкретни.


 


© 2001 Утрински Весник, сите права задржани