Број 2103 понеделник, 16 октомври 2006


  На прво место


Релевантните политички партии се единствени во процените, дека помалите конкуренти тешко ќе успеат да обезбедат влез во парламентот

Нема толку пратенички места колку што има партиски апетити
Изборните штабови на седум коалиции и партии прогнозираат да освојат минимум 179, а максимум 209 пратенички мандати


Фудбалот инспирација и за политички разговори. Бучковски и Меркел во Минхен

Бучковски се сретна со Меркел на Мундијалот
Премиерот Бучковски како гостин на отворањето на Мундијалот во Минхен се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел и со германскиот претседател Хорст Келер, соопшти Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија. Меркел му ја пренела на Бучковски пораката дека Германија ги поддржува европските перспективи на Република Македонија. По покана на Меркел, Бучковски во Минхен присуствуваше на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал, заедно со повеќе претседатели на држави и влади. Придружуван од својот советник Теодор Вајгел, премиерот Бучковски имал и други средби со влијателни германски политичари. (МИА)


Натпреварот меѓу Холандија и СЦГ во кафулињата на скопскиот кеј предизвика вистинска фудбалска атмосфера како во германските градови: холандската амбасадорка Фредерик де Ман заедно со директорката на Светска банка, Сандра Блуменкамп, и бројни навивачи

Фудбалот ги оладува страстите за избори
Гласачите повеќе ги стискаат палците за омилениот тим отколку за својата партија

Средба
Владата ќе помогне во одбраната на Бошкоски
Владата официјално ја потврди волјата да помогне во одбраната на ексминистерот Љубе Бошкоски, на кого му се суди во Хаг. Овој став Владата го потврди со соопштение по завчерашната средба на премиерот Бучковски со адвокатката на Бошкоски, Едина Рашидовиќ. Таа се сретна и со министерката за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска. По средбата, Рашидовиќ изјави дека Владата е расположена да помогне во одбраната на Бошкоски, но разговорите продолжуваат. Во соопштението од Владата не се прецизира дали договорот за помош на Бошкоски ќе биде финализиран наскоро. (Д.Р.)

Извештај
Груевски во Струмица
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Струмица рече дека аграрот за Македонија е најголема зелена фабрика и оти заслужува повеќе внимание. „СДСМ целосно го уништи македонското земјоделство, а чесните македонски земјоделски производители ги донесе на питачки стап. Кога ќе дојдеме на власт, најпрво ќе се заложиме за враќање на стапката на ДДВ во оваа област од 18 на 5 отсто“, рече Груевски. Идејата е, како што рече, македонските земјоделци да набавуваат поевтино семе и вештачки ѓубриња. (МИА)


Законот за полицијата одамна ја помина првата собраниска фаза, а по бурните реакции што се појавија за време на комисиските расправи, работите како да застанаа на мртва точка

Законот за полицијата препуштен за новиот парламентарен состав
Владата планира денес да го разгледа законот и да го пушти во собраниска процедура, но донесувањето е одложено за наесен


Според министерот за финансии, Никола Поповски, зголемувањето на пензиите е проектирано да се постигне до 2010 година

Бучковски пак ветува повисоки пензии
За Груевски, корекциите на пензиите се само „мртва буква на х��ртија“

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани