Број 2175 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


Весна Димитровска - актерка
На 8 септември започнува Фестивалот на камерна драма „Ристо Шишков" во Струмица, во чии рамки на 10 септември настапувам во мојата монодрама „Душичка" од Чехов. Иако со оваа претстава имам настапувано на повеќе меѓународни фестивали, сепак, повторно се подготвувам за ова фестивалско гостување.


Адријан Гаџа - пејач
Денешниов ден ми минува во знак на одбележувањето на 5 септември, ден на упокојување на големата хуманистка Мајка Тереза. Во 13 часот сум во МАНУ каде што ќе се одржи централното чествување и на кое ќе примам статуетка со ликот на Мајка Тереза. Потоа одам на семеен ручек, попладне е време за фитнес, а вечер - кафе со пријателите.


Верица Пандиловска - пејачка
Утрото ми започнува деловно, т.е. со средување на административните работи за мојот салон за убавина. Потоа имам неколку договорени средби за песните за мојот нов албум што е во подготовка. За крај на денот ќе се честам со еден третман во сауна.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани