Овен
Дали сте размислувале
дека врската со партнерот ја градите само на физичка привлечност, додека, пак,
во односите со другите имате нагласена потреба за доминација. Зошто мислите дека
секогаш сте во право?
Бик
Благодарение на
изразената активност, влијаете на средината. Проблемот на денот може да се
појави доколку влегувате во разни конфликти со партнерот. Совет: толеранција,
пред с`.
Близнаци
Се трудите да се најдете
во центарот на сите случувања. Дали можеби малку претеравте? Не трошете ја
енергијата на непотребни луѓе и на работи кои воопшто не се потребни. Свртете се
само кон оние работи што ве релаксираат.
Рак
Денешниов ден ќе биде во
знакот на мудроста и знаењето. Ви се советува да не влегувате од крајност во
крајност, бидејќи толку осцилации во размислувањата би можеле да бидат
штетни.
Лав
Правите разни планови, но
ниту еден од нив не успевате да го реализирате. Потребно е да се причека поволен
момент, а од моменталната ситуација да се извлече добра
поука.
Девица
Еден чекор напред, два
назад и така постојано... Но, бидејќи сте трпеливи, ќе ги остварите сите цели,
дури и со макотрпна работа. Секогаш тешко се доаѓа до успехот, но вие знаете
дека тогаш тој е најсладок.
Терезија
Ќе ви бидат понудени две
варијанти, но вам ви останува за која ќе се определите. Едната е со помош на
разумот, без никакви емоции со јасно поставени цели, а другата е полоша, полна
со емотивни заблуди и нервози.
Скорпија
Фантазијата може да
направи многу работи. Плановите немаат многу врска со реалноста, па ви се
советува внимателност. Особено обрнете внимание на својата склоност без напор да
ги остварувате целите.
Стрелец
Во одлична форма сте.
Прекрасно се чувствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална, с` зависи
од афинитетите. Некои Стрелци ги очекува работна експанзија, некои се во нова
љубовна врска, а некои започнуваат бизнис.
Јарец
Работите не можат да
чекаат. Доколку пропуштивте нешто, денес со леснотија ќе го надоместите.
Стравувате поради некого и нешто. Бидејќи се водите од некои лоши искуства, се
трудите да не се повторат сличните непријатности.
Водолија
Некој со своите совети и
поддршка ќе ви помогне да ја надминете кризата. Ќе бидете задоволни со
воспоставените контакти, но и со разменувањето идеи со средината. Децата ќе ви
подготват неочекувани доживувања.
Риби
Окупирани сте со некои
семејни проблеми. Сакате на подобар начин да го решите станбениот проблем. Некои
Риби ќе успеат со минимум напор да извлечат многу повеќе отколку што
претпоставуваат.