Број 2019 понеделник, 16 октомври 2006


  Дневник


По контроверзните сигнали од Брисел околу визниот режим
ЕУ ги поскапува визите, МНР се надева на олеснување
Барањата на Министерството за надворешни работи се од бесплатни визи за краткорочните визи до пет години рок за долгорочните

Парламентот ги верификуваше првичните законски текстови за реформи во судството
Судските закони го поминаа првиот собраниски филтер


Ново судско продолжение на аферата „Швајцарски сметки". Претседателот го тужи Никола Младенов за клевета
Денеска ќе почне процесот на Црвеновски против „Фокус"
Претседателот Црвенковски и неговиот застапник мислат дека во првиот текст се објавени повеќе невистини


Влезот на "Фени индустри" блокиран со градежни машини
Работниците на "Рудкоп" прскани со топ од противпожарно возило
Откако беше блокиран комбинатот, стаса противпожарно возило на "Фени", а обезбедувањето држеше хидрантски црева во рацете: од вчерашната блокада


Стечајни работници блокираа самоуправи и основни судови во повеќе градови
Списоците на социјалци да се исчистат од лажни стечајци
На списоците имало лица чии поранешни фирми не се во стечај, туку се едни од најдобрите во државата, а тие некогаш зеле испратнина од 20.000 марки: протест на стечајци во Битола


Првите луѓе од општините се незадоволни од поддршката на Владата
За општините образованието стана обврска без пари
Коце Трајановски, градоначалник на скопската Општина Гази Баба, посочи дека на градоначалниците им се префрлаат само обврски, но не пари и права: од вчерашната средба на градоначалниците


Од вчерашната трибина

Европската унија бара од Македонија посилно стегање на обрачот околу перачите на пари
Поради перење пари, и затвор и конфискување имот
Доколку не докажат дека се збогатиле чесно, ќе им се одземе целиот имот стекнат во изминатите 5-6 години, фирмите, па дури и имотот на нивните блиски


Владо Камбовски

Се стега обрачот за транспарентност во финансирањето на партиските активности
Во кампањите се вртат милиони од сомнително потекло
Експертите инсистираат на прецизни правила што ќе спречат влез на незаконските пари во изборните кампањи


По вчерашното невреме
Старите битолски гробишта пливаат во вода
БИТОЛА - Старите битолски гробишта се под вода, а погребите се вршат во отежнати услови. Наглото топење на снегот и врнежите од дожд поплави дел од нив. За да се надмине проблемот, ЈП "Комуналец", во чија надлежност се гробиштата, започна да врши дренажа околу нив. "Водата веќе се исцедува, но ова не е трајно решение. Собирниот канал мора целосно да се бетонира, за што немаме доволно средства", вели директорот Јовко Крстевски. Поради водата, граѓаните не можат да палат свеќи и да одржуваат парастоси.

БИТОЛА
Силен ветер го урна покривот на Домот на културата
Силниот ветер што вчера попладне дуваше во Битола носеше покриви на куќите. Тој откорна дел од покривната конструкција на Центарот за култура, каде што се поставени рекламните паноа. Делови од конструкцијата паднаа во тревникот пред Центарот, но, за среќа, не повредија никого.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани