Прогноза Денеска: Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Поинтензивни врнежи ќе има западните и југозападните краишта, каде што ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 Ц степени, а дневната ќе биде помеѓу 2 и 10 Ц степени.
СКОПЈЕ: Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде -1, а дневната ќе достигне до 7 Ц степени.