Број 2176 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


Маја Гроздановска - Панчева - пејачка
Денот ми почнува со движење на релацијата училиште - градинка. Прво ја носам првачето Надица на училиште, па потоа Марија во градинка. Во меѓувреме, додека тие се преокупирани со својот живот, ќе се потрудам да подготвам изненадување за сопругот, кому утре му е роденден.


Натали Грубовиќ - моделка
Средата, традиционално ми е најангажираниот ден во неделата. Вообичено, до 16 ч. ме очекуваат обврските на работното место, а потоа трчам да се подготвам за вечерашното водење на Лото. Во 20,30 е извлекувањето на новото коло на лото на ТВ, а потоа планирам релаксирано кафе - пиење со друштвото.


Маја Поцева ТВ- водителка
Го живеам периодот на преселба во нова куќа, па сум "растргната"меѓу обврските со подготовката на следната емисија на "Дом и дизајн" и дизајнот на сопствениот дом. Вечер, со одреден круг пријатели ќе го прославиме вселувањето со мала забава.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани