Силни врнежи вчера ја зафатија нашата држава. Скопје личеше на езеро Дождот со ветер во Струмичко однел покриви на куќи Во текот на вчерашниот ден најмногу дожд наврна во Полог - 48 литри на квадратен метар, а најмалку во Струмица 4 литри
Поројниот дожд предизвика проблеми во сообраќајот во Скопје, каде што улиците, како по обичај кога врнежите се интензивни, беа поплавени. Атмосферската канализација не можеше да ги собере надојдените води од улиците
Целата држава вчера ја зафати силен пороен дожд кој почна да врне од рано
изутрината, па сў до попладневните часови. Дождот проследен со ветер предизвика
големи проблеми во сообраќајот низ целата држава, кој се одвиваше отежнато, а
особено проблеми се јавија во југоисточниот дел од земјата, кој во јуни годинава
беше поплавен. Невремето што го зафати Струмичкиот регион предизвика голема
материјална штета. Во селата Сачево, Дражево, Секирник, Турново и во уште
неколку други, силниот ветер однел цели покриви на куќите и шталите. Дел од
градот и десетина населени места, поради дефект на далноводот меѓу Валандово и
Струмица, останаа без електрична енергија. Големо невреме имаше вчера и во Штип
и Штипско. Жителите од критичните населени места кои беа поплавени вчера
предупредија дека доколку врнежите продолжат денеска или во наредните денови,
поради неисчистените одводни канали, на Струмичкиот регион му се закануваат нови
поплави. Земјоделците велат дека дождот ќе ги одложи подготовките на
обработливите површини за новата производствена сезона. Загрижени за своите
домови и ниви, жителите на селото Моноспитово со сопствени средства почнаа да го
чистат Моноспитовскиот канал во должина од три и пол кимлометри. Тие собираа по
200 денари од секое домаќинство, иако сў уште не ги добиле парите од
обесштетувањето од јунските поплави, за да му платат на претпријатието ?Слив",
кој ја прифати нивната молба да го исчисти каналот, зашто не е чистен од 1973
година.
Поројните дождови што во попладневни часови ја зафатија Гевгелија
предизвика повторно излевање на заштитниот канал Рауљ, посебно на тесните грла
кај мостот на патот кон Негорци и Железничкиот мост. Излеаните води навлегоа во
дворовите на Здружението на возачи, фабриката ?Ноел" и АД ?Транс балкан".
Вработените во овие капацитети ги презедоа сите заштитни мерки од можна нова
поплава. Според првичните согледувања, има оштетувања и на одделни пластеници со
градинарски култури.
И покрај интензивните врнежи, од АМСМ информираат
дека не се забележани поголеми проблеми во сообраќајот на магистралните и
регионалните патни правци низ државава, иако тој беше отежнат поради влажните
коловози. Единствено одрони на камења имало кај кањонот во близина на Велес и
кај Карпалак, но коловозот е расчистен од екипи на ?Македонија пат".
Поројниот дожд предизвика проблеми во сообраќајот во главниот град.
Скопските улици, како по обичај кога врнежите се интензивни, беа поплавени. По
којзнае кој пат, се покажа дека првите луѓе на Градот не можат да го решат
проблемот со атмосферската канализација. Особено овие служби целосно потфрлуваат
и се незаинтересирани кога има интензивни врнежи за време на викенд. Немаат
засилени дежурни служби и никој не е повикан од дома барем да ги исчисти лисјата
кои ги затнаа отворите на канализациската мрежа, така што во одделни населби
улиците личеа на реки, а подвозниците на езера. Ваква незаинтересираност на
надлежните служби и на градооначалниците на скопските општини, на чело со
градоначалникот Пенов, е за секоја критика. Сообраќајот беше отежнат по улицата
?Александар Македонски" во непосредна близина на хотелот ?Континентал",
подвозникот на улица ?Бихаќска", а на вистинска река личеше и улицата ?Цветан
Димов" во населбата Чаир, еднонасочната улица во Ќерамидница, како и многу други
сообраќајници во градот.
Во текот на вчерашниот ден најмногу дожд наврна
во Полог - 48 литри на квадратен метар, а најмалку во Струмица 4 литри. Во Демир
Капија и во Лазарополе паднаа 46 литри дожд, во Охрид и во Битола беа
регистрирани 42 литра, во Скопје 40 литри на квадратен метар, 35 литри на
квадратен метар паднаа во Гевгелија.
Дежурниот синоптичар од Управата за
хидрометеоролошки работи, Панче Трајановски, вели дека во текот на денешниот ден
врнежите ќе продолжат, но со послаб интензитет, додека на повисоките места е
можно да паѓа снег. Утринските температури до крајот на неделава ќе бидат од -3
до 6 Целзиусови степени, додека во текот на денот живата во термометарот ќе се
движи од 5 до 14 степени. Во Скопје, дневната температура ќе достига до 10
Целзиусови степени. Поголемо заладување нў очекува во почетокот на идната недела
кога се очекува да падне снег не само на планините, туку и во низините. (В.Г.)