Број 1627 понеделник, 16 октомври 2006


  На прво место


Отсуството на реална политичка моќ му го стеснува кругот на Хари Костов

Поради блокада на реформите и опструкции во работењето на Владата од страна на ДУИ
Хари Костов пред оставка
Премиерот Хари Костов денеска до Собранието ќе поднесе неотповиклива оставка на функцијата, дознаваме од кругови блиски на премиерот. Оставката, во писмена форма, го содржи образложението на Костов за причините поради кои се одлучил за овој потег по само пет месеци на чело на извршната власт. Главната причина за одлуката е навлегување на партиските и личните интереси во економијата, блокирањето на реформите, односно однесувањето на Демократската унија за интеграција, која ги кочела реформите во државата, обидувајќи се на сите можни начини ургентно да го оствари планот за правична застапеност на Албанците во јавната администрација, велат владини извори. Премиерот Костов немал некои посериозни забелешки на работата на министрите од економскиот сектор


Поројниот дожд предизвика проблеми во сообраќајот во Скопје, каде што улиците, како по обичај кога врнежите се интензивни, беа поплавени. Атмосферската канализација не можеше да ги собере надојдените води од улиците

Силни врнежи вчера ја зафатија нашата држава. Скопје личеше на езеро
Дождот со ветер во Струмичко однел покриви на куќи
Во текот на вчерашниот ден најмногу дожд наврна во Полог - 48 литри на квадратен метар, а најмалку во Струмица 4 литри

По локалните избори, од буџетот ќе се трошат помалку пари
Сега ќе има 554 општинари помалку, а тоа чини колку нова спортска сала
Во текот на четиригодишен мандат, само од плати се заштедуваат 250 милиони денари или 4,2 млн. евра

Според Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија
Референдумот за општините помина без позитивна кампања
Задржувањето на српскиот владика Иринеј на границата е мешање на државните органи во судирот меѓу МПЦ и СПЦ


И покрај најавите за преврат во ИВЗ
Утринската молитва за Бајрам помина без инциденти

Македонските амбасадори во САД и во Грција на консултации во Скопје
Се подготвува контраодговор на грчката офанзива околу името
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани