Број 1627 понеделник, 16 октомври 2006


  Хороскоп

   

 

Дневен хороскоп



Овен

Сакате да бидете добор информирани за различни можности на деловна сцена. Корисните информации може да ве потсетат на напорот или да ви обезбедат некакква повластена позиција. Ќе се покаже дека партнерот има позитивно влијание врз вашите одлуки и однесувања.







Бик

Побарајте нечиј совет поради финансиски проценки. Нема причина лесно да ја подарувате својата емотивна доверба, добро размислете за разните аспекти на заедничкиот живот и за личноста која неодамна ја запознавте. Понекогаш вистинската љубов се наоѓа на многу необични места.







Близнаци

Имате добра љубовна стратегија така што не се откажувате лесно од своите идеи, без разлика на нечија реакција. Одговарате на разни телефонски повици и одлично го користите својот шарм во новите контакти и љубовни освојувања, не претерувајте со зборувањето, прво размислете а потоа кажете.







Рак

Важно е да имате добро предчувство во проценката на новите случувања или личност која со својата улога го обележува вашиот љубовен живот. Потребно е да ги ускладите различните интереси, кои би можеле да обезбедат поширок деловно-емотивен успех или нова романса.







Лав

Соработниците ви зборуваат да не се придржувате кон основните принципи на деловниот договор. Најчесто заговарате ситуации во кои постои можност за слободно креативно изразување или деловно експериментирање. Не бидете егоистични во однос на партнерот, светот не се врти околу вас.



Девица

Понекогаш дискрецијата е неопходна, сочувајте ја врската со саканата личност од љубопитните погледи. Не дозволувајте за вас лошо да се зборува, бидејќи вие сте доволно искрени и одлучни. Успехот има релативно значење, важно е своите идеи да ги пласирате на вистинското место.







Вага

Поради многу обврски, свесно пропуштате некои значајни случувања во љубовниот живот. Имате впечаток дека нешто необично се случува со вашиот партнер, но не посветувате доволно внимание на заедничките прашања. Најдобро е да ја согледате емотивната ситуација од одредена дистанца







Шкорпија

На вашето создавачко расположение влијаат многубројните средби и интересните деловни понуди. Имате оптимистички визии поради новите информации и се обидувате да бидете активни на различни полиња во љубовниот живот. Делувате многу занесно во трагањето по нови предизвици, потребно ви е освежување.









Стрелец

Вашата отвореност во размислувањето понекогаш делува слободоумно. Повнимателно анализирајте го својот однос со саканата личност, постојат работи кои не можат да се одгатнат. Љубовните пораки понекогаш се скриени и полни со значење. Не дозволувајте друг да ги толкува вашите чувства.







Јарец

Околностите многу брзо се менуваат, размислете на кој начин треба да ги сочувате своите интереси и позиции. Примедбите кои и ги упатувате на саканата личност остануваат без одговор. Ви пречи самоволието и вообразеноста на партнерот, секогаш има добар и совршен одговор на секое ваше прашање.





Водолија

Важно е да го сочувате својот деловен углед или да оправдате нечија доверба. Секогаш постои некое добро решение, под услов правилно да ги поврзете новите информации и корисните цели. Понекогаш поставувате премногу строги критериуми за саканата личност, но вашиот поттик делува позитивно.







Риби

Почекајте на подобра понуда и услови. Важно е секогаш да си ги сочувате сопствените интереси. Во љубовта полека почнува да ви пречи однесувањето на партнерот и изненадните промени. Не сакате некој да ги одредува правилата на однесување или да ви диктира темпо на живот.





© 2001 Утрински Весник, сите права задржани