Поради блокада на реформите и опструкции во работењето на Владата од страна на ДУИ Хари Костов пред оставка
Премиерот Хари Костов денеска до Собранието ќе поднесе неотповиклива оставка на функцијата, дознаваме од кругови блиски на премиерот. Оставката, во писмена форма, го содржи образложението на Костов за причините поради кои се одлучил за овој потег по само пет месеци на чело на извршната власт. Главната причина за одлуката е навлегување на партиските и личните интереси во економијата, блокирањето на реформите, односно однесувањето на Демократската унија за интеграција, која ги кочела реформите во државата, обидувајќи се на сите можни начини ургентно да го оствари планот за правична застапеност на Албанците во јавната администрација, велат владини извори. Премиерот Костов немал некои посериозни забелешки на работата на министрите од економскиот сектор
На прво место
Силни врнежи вчера ја зафатија нашата држава. Скопје личеше на езеро Дождот со ветер во Струмичко однел покриви на куќи Во текот на вчерашниот ден најмногу дожд наврна во Полог - 48 литри на квадратен метар, а најмалку во Струмица 4 литри
Грчките медиуми последниве денови со посмирено темпо се навраќаат на спорот со името со Македонија Атина вината ја префрла врз грчкото лоби во САД Уште еден потег ги
збуни Грците, „Американ ерлајнс“ ќе почне да слетува на еден
аеродром во турскиот Северен Кипар
Дневник
Петочната трагедија на „Матка 2" е уште еден доказ за стравотната небрежност на градилиштата Сите немо гледаат како гинат работници на градилиштата За десетината загинати лица на градилиштата на никого не му недостига влакно од главата
Економија
Иако завршија оптималните рокови за реализација на есенската сеидба Половина ниви останаа непосеани Годинава земјоделците не употребија ни заштитини средства на посевите
Свет По еднонеделните жестоки борби во бунтовничката шиитска тврдина Фалуџа падна во рацете на Американците Цивилите не постат за Рамазан, туку поради недостиг од храна
Свет По самитот на американскиот и британскиот лидер во престолнината на САД Буш и Блер договорија план за Палестина Израел ќе
мора да овозможи избори за
наследник на
Арафат;
Тони Блер и
Џорџ Буш
Култура
Разговор со Горан Трајковски, музичар Да ја исчистиме околината од лаги Првпат во животот не знам што би сменил во
албумот од
музичко-
продукциска гледна точка
Спорт
Македонскиот првак "преживеа" на евросцената со ремито 22:22 со Констанца во последното коло од ЛШ Јоноски го одведе Вардар Про во КПК Мечот го одбележаа лошата игра и катастрофалното судење на Ранчик и Бено
По повод 13 Ноември, главниот град на државава и граѓаните празнуваа со многубројни манифестации Скопје ја одбележа шестдецениската слобода Во Домот на АРМ се одржа свечена академија во на која градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, на борците за ослободување на градот им додели плакети
Скопје
Главниот град доби нова меѓуградска автобуска станица Саботната прослава на 60-годишнината од ослободување на Скопје беше збогатена и со свечено означување на крајот на градежните работи на новата меѓуградска автобуска станица. Објектот, чиј камен-темелник беше поставен на 26 јули минатата година, изграден е во рамки на Транспортниот центар. Има капацитет да прима дневно по 400 автобуси на вкупно 13 перони. Автобуската, според најавите, се очекува да профункционира во првата декада од идниот месец, а дотогаш е потребно да се постават мебелот, урбаната опрема, да се монтираат информативните табли и системот за озвучување. Со новата меѓуградска автобуска станица во наредните десет години ќе стопанисува трговското друштво за превоз на патници "Рулетурс° кој, како закупувач, ќе стопанисува со деловните простории кои досега не се продадени на лицитациите, потоа со пероните, чекалниците, пристапните патиштата, паркиралиштата, како и со целокупната инсталација, опрема и уреди на Транспортниот центар.
"Многу сум задоволен од изгледот на објектот и дури сум изненаден од финесите вградени во него. Очекуавм дека и во функционирањето со новиот оператор автобуската ќе функционира на извонреден начин. Задоволен сум што една голема обврска и ветување кон граѓаните е исполнета°, истакна градоначалникот Пенов, притоа искажувајќи голема благодарност на изведувачот на градежните работи "Гранит° со подизведувачите "Прототип°, "Гранит електрика°, "Метринг°, "Крин° и архитектите од "Балкан консалтинг°.
Според градоначалникот Пенов, проектот за автобуската е и финансиски успешно завршен благодарение на парите добиени преку десетгодишната закупнина на автобуската и средствата добиени од продажбата на локалите во Транспортниот центар. (Дс. Т.)
Живот
Калиопи и Васил во петокот ја крунисаа својата љубов Свадба како фестивал Венчавката се одржа во црквата "Св. Петка"