Калиопи и Васил во петокот ја крунисаа својата љубов Свадба како фестивал Венчавката се одржа во црквата "Св. Петка"
Со кумовите Есма Реџепова и Дејан Лилиќ и старосватицата Лорета
Валентина Тодоровска
Заедничките фотографии на Калиопи и Васил од
денот заокружен со златна боја во нивниот календар, денот на свадбата, почнаа да
се множат со венчавањето во црквата "Св. Петка°. Црковната церемонија водена од
пет попа беше најсвечениот момент за нив двајцата.
"Тоа беше
величествено и ќе го паметам цел живот. Имам чувство дека и Господ ни даде
благослов", беше полн со впечатоци Зафирчев додека со Калиопи ги пречекуваа
гостите во фоајето на "Александар палас° каде што се случуваше главната забава.
А меѓу повиканите, многу познати фаци кои сакаа да бидат сведоци и да уживаат во
свадбената веселба: Тања Кочовска, Предраг Павловски, Диме Станковски, Младен
Крстевски, Данчо Чевревски, Катарина Коцевска, Олгица Христовска, Виолета
Томовска, Мери Бошкова, Тоше Проески, Каролина Гочева, гостинките од Србија,
Цеца Славковиќ и Маја Томиќ, Драган Спасов-Дац, Кирил Поп Христов, Гарабет
Тавитјан, Сузана Турунџиева, Владо Јаневски, Олга и Орце Камчеви, Брејк, Мартин
99%, Симон Трпчевски, Дејан Лилиќ, Цветанка и Мишо Кан, Есма Реџепова, Ана
Костовска, Сашка Димитровска, Петар Арсовски, Билјана Беличанец, Јован
Петревски, Славе и Дарко Димитрови...
Таму каде што е весело таму е
музиката, а во петокот вечерта се случуваше интересен спој на забавна и народна,
со доминација на поп-нотите. И кога меѓу гостите има толку многу пејачи,
глетката е совршена. Бендејдовски наредени - верувале или не - Тоше и Каролина,
Цеца и Маја, Олгица Христовска, Сузе, Владо, Тања Кочовска... направија
вистински концерт - сў во чест на младоженците.
И Калиопи пееше -
започна со "Беле руже"°, а заврши со нејзините хитови.
Многу спонтана и
весела беше свадбата - меѓу најразиграните: Рисима Рисимкин, Дејан Лилиќ,
главниот лик од црквата (кумот), изигра неколку танга со Есма, кумата од
матично, Виолета Томовска нў разнежи со "Молитва° што ја испеа во придружба на
внуката Олгица, а Владо Јаневски и Сузе Турунџиева во муабетот се пронајдоа на
иста бранова должина.
Симон Трпчевски со својата поубава половина не
беше по играњето, ама затоа му одеше муабетот со Тоше "цимерот" од масата.
Празник за очи беа танчарките, популарните "Жадиња", кои локацијата за танцот ја
најдоа кај Орце Камчев, кој џентлменски заедно со Брејк веднаш се фати за џеб.
По ова изненадување со песната на Есма, чочекот, се размрдаа сите и така до
полноќ. Се исече тортата, бидермаерот по договор Калиопи и го даде на
старосватицата Лорета. Одговорот на "Чија си" што Славе ја посвети на двојката -
го даде Васил, највљубениот и најсреќниот младоженец не пропушташе можност да
покаже нежност спрема Калиопи.
За подароците се погрижија најблиските.
Васил, остатокот на вечерта, по веселбата, имаше поважна работа.