Број 1627 понеделник, 16 октомври 2006


  Скопје


Делегација од борци, претставници од државата и градот положија цвеќе на Споменикот на ослободителите

По повод 13 Ноември, главниот град на државава и граѓаните празнуваа со многубројни манифестации
Скопје ја одбележа шестдецениската слобода
Во Домот на АРМ се одржа свечена академија во на која градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, на борците за ослободување на градот им додели плакети


Главниот град доби нова меѓуградска автобуска станица
Саботната прослава на 60-годишнината од ослободување на Скопје беше збогатена и со свечено означување на крајот на градежните работи на новата меѓуградска автобуска станица. Објектот, чиј камен-темелник беше поставен на 26 јули минатата година, изграден е во рамки на Транспортниот центар. Има капацитет да прима дневно по 400 автобуси на вкупно 13 перони. Автобуската, според најавите, се очекува да профункционира во првата декада од идниот месец, а дотогаш е потребно да се постават мебелот, урбаната опрема, да се монтираат информативните табли и системот за озвучување. Со новата меѓуградска автобуска станица во наредните десет години ќе стопанисува трговското друштво за превоз на патници "Рулетурс° кој, како закупувач, ќе стопанисува со деловните простории кои досега не се продадени на лицитациите, потоа со пероните, чекалниците, пристапните патиштата, паркиралиштата, како и со целокупната инсталација, опрема и уреди на Транспортниот центар. "Многу сум задоволен од изгледот на објектот и дури сум изненаден од финесите вградени во него. Очекуавм дека и во функционирањето со новиот оператор автобуската ќе функционира на извонреден начин. Задоволен сум што една голема обврска и ветување кон граѓаните е исполнета°, истакна градоначалникот Пенов, притоа искажувајќи голема благодарност на изведувачот на градежните работи "Гранит° со подизведувачите "Прототип°, "Гранит електрика°, "Метринг°, "Крин° и архитектите од "Балкан консалтинг°. Според градоначалникот Пенов, проектот за автобуската е и финансиски успешно завршен благодарение на парите добиени преку десетгодишната закупнина на автобуската и средствата добиени од продажбата на локалите во Транспортниот центар. (Дс. Т.)
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани