Број 1627 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


Љупчо Ѓорѓиевски - дир. на Битолски народен театар
Продолжуваме со прославата на 60 години од формирањето на Битолскиот народен театар, што ќе трае цела седмица, во која претставите ќе бидат отворени за публиката и бесплатни. Денеска ме очекуваат и обврски околу гостите, кои дојдоа да ни ја честитаат годишнината, а вечер започнуваме со "отворениот театар", со претставата "Хасанагиница".


Орце Зафировски - автор на песни
Денот ми почна како продолжение на вчерашниот, т.е. ме "најде" во ситните часови на "Еврофест". Ќе гледам да се отспијам подолго, а потоа речиси целиот ден ќе го минам во студиото "Анастасија", каде што неколку пејачи ќе снимаат мои песни за претстојниот фестивал "Роса". Секако, ќе "украдам" време за некое кафе.


Борис Петров - сликар
Денеска, и покрај тоа што сум во фаза на закрепнување од една сообраќајна несреќа, сепак, не можам да му одолеам на предизвикот на штафелајот и почнувам да работам една нова сликарска композиција. Се надевам дека во следниве неколку дена ќе успеам од Гевгелија да дојдам во Скопје и да ја посетам изложбата од ликовната колонија "Дојрана" на која има и мои дела.


Михаел Ро - пејач
Ова е ден за патување, т.е. за враќање дома, во Романија, по учеството на фестивалот "Еврофест" во Скопје. Се надевам дека патувањето нема да биде од многу "авантуристички" тип како доаѓањето и да ми ги расипе впечатоците од дружењето со колегите во Македонија.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани