Поради блокада на реформите и опструкции во работењето на Владата од страна на ДУИ Хари Костов пред оставка
Премиерот Хари Костов денеска до Собранието ќе поднесе неотповиклива оставка на функцијата, дознаваме од кругови блиски на премиерот. Оставката, во писмена форма, го содржи образложението на Костов за причините поради кои се одлучил за овој потег по само пет месеци на чело на извршната власт. Главната причина за одлуката е навлегување на партиските и личните интереси во економијата, блокирањето на реформите, односно однесувањето на Демократската унија за интеграција, која ги кочела реформите во државата, обидувајќи се на сите можни начини ургентно да го оствари планот за правична застапеност на Албанците во јавната администрација, велат владини извори. Премиерот Костов немал некои посериозни забелешки на работата на министрите од економскиот сектор
На прво место
Силни врнежи вчера ја зафатија нашата држава. Скопје личеше на езеро Дождот со ветер во Струмичко однел покриви на куќи Во текот на вчерашниот ден најмногу дожд наврна во Полог - 48 литри на квадратен метар, а најмалку во Струмица 4 литри