Регион Мешање на картите Анализа на Драган Николиќ
Бучковски ја приближи Македонија до Европа, но тие заслуги паднаа во рововите на внатрепартиските фракции
Јелена Ловриќ, позната колумнистка на загрепски „Глобус" и докажан
левичар, ги шокира Хрватите: на 1 септември напиша дека ќе гласа за ХДЗ!
„Туѓмановата ХДЗ ја доживав како партија со опасни намери: генерално, како
злосторничка дружина", на која Санадер „само ч облече ново костумче", кое
„постојано пука по шевовите". Санадер во својата партија полесно излегува на
крај со „политичкиот отколку со економскиот бандитизам". „Партијата е
програмски, а уште повеќе во практиката, задоена со национализмот, а не со
демократијата". Но, „Санадер направи неколку чекори кои цивилизациски силно ја
унапредија Хрватска": го забрза фаќањето чекор со Европа и со Хаг, ги унапреди
односите со соседите, ги стивна идеолошките напнатости и воинствениот
патриотизам и го прошири просторот на толеранција. Доволна причина да му се даде
глас на Санадер, а не на Ивица Рачан!
Доскорешниот македонски премиер
Владо Бучковски направи сличен цивилизациски напор кој ја приближи Македонија до
Европа, но тие заслуги паднаа во рововите на внатрепартиските фракции.
СДСМ можеше да ги загуби изборите и ако Бучковски го исполнеше и
последното предизборно ветување на Бранко Црвенковски. Регуларните промени на
власта се потврда на демократијата. Сигурно дека СДСМ никогаш не била „партија
со опасни намери", како ХДЗ на Туѓман, што не би можело да се каже за
ВМРО-ДПМНЕ, која како сојузник на Туѓман во 2001 година имаше групчински намери.
Можно е дека СДСМ не е, како и ХДЗ на Санадер, имун на „економскиот бандитизам",
но фактот што говорот на Имер Селмани на митингот во Скопје на 8 септември на
албански јазик се одржа без најмал инцидент е потврда на „успешната македонска
приказна", настаната по 2002 и европските мултиетнички зрелости на Македонците.
На СДСМ на Бучковски не може да му се оспори заслугата за создавање апсолутна
критична маса за тој цивилизациски напредок. Со напуштањето на српско-грчкиот
антиалбански сојуз и добивањето на САД како стратегиски партнер, место Легија
како воен сојузник во 2001, Македонија, наместо земја без иднина, стана кандидат
за членство во ЕУ. Депровинцијализирајќи се стана фактор на стабилизација. И
покрај спротивставувањето на Грција, САД ја признаа Македонија под уставното
име. Тоа беше настан и од симболично и од реално значење. Тито Петковски и
неговата фракција „излетаа од лежиштето". Изборниот пораз е во основа цех на
санацијата на земјата, уназадена со војната во 2001 и промената на нејзиниот
меѓународен статус! Премиерот и шеф на партијата, Владо Бучковски, се соочи во
својата партија со железниот принцип на „персонална одговорност" (Радмила
Шекеринска, „Дневник") што побрзо би можел да ја одведе оваа партија, ако се
случи на најавениот начин, или во распад или во брежневизација отколку во
нејзина демократска реформа.
Владејачката демократска српска политичка
елита е гневна и на специјалниот посредник на ОН, Марти Ахтисари, и на неговиот
заменик Албер Роан: тие работат за независно Косово! Некои српски аналитичари
мислат дека демократска Србија би можела да се консолидира ако на 5 октомври
2000, кога ја презеде власта, го обвинеше соборениот Милошевиќ дека го загуби
Косово. Сега испаѓа дека изгубеното Косово го губи демократска Србија. Осилените
и охрабрени радикали, со „злосторничките структури" како навивачи, за голема
Србија говорат како за сон на секој радикал. Под „српската слива" ќе се најдат и
К��рлобаг, и Карловац, и Вировитица, и сите други „српски земји". Нема ниеден
сосед на кој конзервативната Србија на некој начин „не му ѕвечка": на Хрватска
со Вировитица, на Сараево со референдумот во РС, на Црна Гора со парите од
програмата на специјалните служби, на Македонија со ПОА, на Косово со поделба, а
на демократска Србија - со Хаг и со Косово. Тоа е добитничката политика на
радикалите и губитничката политика на Србија. На парламентарните избори во Црна
Гора, коалицијата „За европска Црна Гора" на Мило Ѓукановиќ поубедливо победи на
10 септември отколку на референдумот на 21 мај. Победата на оваа коалиција во
„просрпските" Беране, Плевле и Херцег Нови е знак дека поделбите во Црна Гора
драматично се намалуваат и дека големосрпската идеја во Црна Гора отиде од
длабокиот во уште подлабок пораз.
Посетата на Тадиќ на Вашингтон кон
крајот на минатата недела е врв на дипломатскиот напор демократска Србија да
добие сојузник и стратегиски партнер, но со минимален резултат, затоа што тоа се
бара на пропадната тема: враќање на Косово во составот на Србија! Обраќајќи ч се
на српската јавност, Тадиќ, како рационален политичар, призна дека во Вашингтон
преовладува ставот дека Косово треба да добие еден вид независност, но Србија и
покрај тоа, „со сета сила ќе се бори за своја легитимна позиција, а тоа е
спротивставување на независноста на Косово" и, истовремено, и за „најдобри можни
односи со САД". Тоа не би требало да значи дека Тадиќ почна да ја подготвува
српската јавност за независност на Косово, но значи дека Тадиќ сж уште е далеку
од идејата наместо ставот „не го даваме Косово", да ч постави на меѓународната
заедница прашање „што ќе добиеме за Косово" (Милан Николиќ, директор на Центарот
за алтернатива, „Политика", Белград). Ако КФОР наскоро биде заменет со ЕУФОР,
прераспределбата на надлежностите во Косово ќе се врши меѓу ЕУ и косовските
институции, а не и меѓу Косово и Србија. Сега демократска Србија не може да се
консолидира на темата на Косово и Хаг онака како што на таа тема се
консолидаризира конзервативна Србија, која ја соочи Србија и со Хаг и со
изгубеното Косово.
Во Македонија владејачките партии СДСМ и ДУИ ги
санираа тешките последици од воената политика на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и ја етаблираа
државата во нормалниот свет, оставајќи простор за социјална демагогија. Во
костумчето на Никола Груевски сега победниците ќе се докажуваат на европскиот
колосек против кој беа во сите фази на македонската транзиција.