Број 2099 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


актер

Васил Зафирчев
Денеска имам обврски со организациониот одбор на Фестивалот на античка драма, што ќе се одржи во Стоби од 26 јули. Потоа ме очекуваат завршните проби за претставата "Дон Жуан", чија премиера треба да ја играме во Велешкиот театар на 17 јуни.


пејачка

Сузана Спасовска
Во Брисел сум, некаде на средината на европската турнеја на "Танец", каде што настапувам на нивните концерти. На 14 јуни треба да се вратиме во Македонија, побогати за одличните впечатоци на европската публика за нашите настапи, што го потиснува заморот од постојаните патувања.


музичар

Влатко Плевнеш
Во текот на денот ме очекуваат ангажмани околу монтажата на спотот за песната "Бакнеж како музика". Покрај тоа подготвувам уште една песна за новиот албум на "Силви бенд", кој планираме да го претставиме пред музичката јавност најдоцна за еден месец.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани