Број 2194 понеделник, 16 октомври 2006


  Политика

   

 

Соопштени добитниците на наградата „11 Октомври"

Одборот за доделување на наградата „11 Октомври" во 2006 година ги соопшти добитниците на признанието кое се доделува за долгогодишни и значајни остварувања во науката, образованието, културата и уметноста од интерес. Наградата „11Октомври" во областа на науката и образованието е доделена на Филозофскиот факултет „Блаже Конески" и на Природно-математичкиот факултет од Скопје, д-р Трпе Груевски, инженер по кибернетика, проф. Виолета Панзова, доктор по филозофски науки, проф. д-р Авзи Мустафа, филолог, и проф. д-р Љубинка Басотова, класичен филолог.

За долгогодишни значајни остварувања во областа на културата и уметноста, наградата им е доделена на: академик Коле Чашуле, маестро Томислав Шопов, диригент, Илко Стефановски, актер, и Балетот при МОБ. (Н.П.)



© 2001 Утрински Весник, сите права задржани