Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Хороскоп

   

 

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

Денеска вие ќе бидете шеф. Ќе имате моќ да ги определите информациите кои бараат итна реакција и оние кои може да попричекаат. Денеска се ќе ви оди од рака, а вие ќе бидете брилијантни. Ова е еден од поубавите денови во последно време.



БИК

Секоја идеја која ја имате генерира десет нови. Знаеме дека сте широкогради, но можеби би било паметно да се фатите со реализација на една до крај. Имате премногу почнати работи, а ниту една довршена. Мора да преземете нешто по ова прашање.



БЛИЗНАЦИ

Не испуштајте го пенкалото од рака. Ќе видите и ќе слушнете толку многу интересни податоци што едноставно ќе мора да ги запишете за да не ги заборавите. Се наоѓате во улога на набљудувач, а тоа ќе ве научи на многу нови работи.



РАК

Ви стасуваат две пораки- една од непосредната близина, а друга- од далеку, но и обете ќе се покажат како пресудни за вашата иднина. Обрнете внимание на сите знаци, зборови и пораки кои ги добивате, па и оние на мејл. Во нив има скриено значење.



ЛАВ

Поседувате многу информации кои полека почнуваат да ве гушат. Преоптоварени сте и се обидувате да решите се одеднаш. Смирете се, дишете длабоко и полека решавајте ги проблемите еден по друг. Мора да искористите се што ви се пружа.



ДЕВИЦА

Имате исклучителна дарба да ја промашувате суштината на работите. Вашата околина ќе се држи за глава и нема да верува дека навистина тоа се случува. Некој ќе помисли дека си поигрувате со него, па оттука може да излезат низа на конфликтни ситуации. Внимателно.



ТЕРЕЗИЈА

Неверојатно, али вистинито, но денеска ќе останете без текст. Некој ќе ве надгласа и надмудри, а тоа веројатно ќе биде личност од спротивниот пол. Ќе и се восхитувате, а до крајот на денот нема да знаете што ве снашло. Поканете ја утре на кафе.



СКОРПИЈА

Денеска сте танчер, уметник, музичар, волшебник. Поставете бина и почнете, па макар да се работи и за маса во ресторан или клупа во парк. Искористете ги своите таленти и обидете се да профитирате од нив. Ќе се изненадите колку сте способни.



СТРЕЛЕЦ

Од сите делови на вашето тело излегуваат идеи. Долго чекавте на ваков поволен период, па сега обидете се да го искористите до максимум! Ако ништо повеќе, барем запишете ги идеите на хартија и од утре почнете да ги реализирате.



ЈАРЕЦ

Вашата глава денеска ќе биде кристално чиста. Комуникацијата и интуицијата се ваши посилни страни, па денешниов ден е одличен за учење и студирање. Напишете ги мејловите кои подолго време ги одложувате, средете го работниот простор и направете место за новите задачи.



ВОДОЛИЈА

Сите ви зборуваат и ве оптеретуваат со низа на глупости. Премногу непотребни зборови влегуваат во вашата глава и ве стопираат во решавањето на сопствените работи. Не реагирајте сериозно, туку забавувајте се на туѓа сметка. Така ќе ви биде полесно.



РИБИ

Единствениот начин на кој ќе дознаете што навистина сакате во животот и кои се вашите идни цели се патувањата. Извадете ги сите идеи од себе. Наоѓањето на смисла во нив оставете го за подоцна. Тогаш ќе имате и помош од околината.



© 2001 Утрински Весник, сите права задржани